Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и официјално се врати во Наполи, објави италијанскиот клуб.
Италијанскиот шампион ќе му плати на Лајпциг 1,5 милиони евра за едногодишна позајмица со право на откуп следното лето кој би изнесувал 11,5 милиони евра.
Другите детали од договорот не се познати. Новинарот Николо Скира, кој е експерт за трансфери, пред неколку дена тврдеше дека платата ќе му биде 3 милиони евра.
Елмас беше во Наполи од 2019 до 2023 година, пред да се пресели во Лајпциг. Меѓутоа откако не успеа да се снајде во германскиот тим, последните шест месеци ги мина како позајмен во Торино, а сега одново се враќа во Италија, каде што ги доживеа најблескавите мигови во својата кариера.