Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Очајни се условите во македонските затвори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Очајни се условите во македонските затвори
МАКЕДОНИЈА

Очајни се условите во македонските затвори

Објавено April 10, 2025 17:36
Сподели
Сподели

Очајни услови во македонските затвори – пренатрупаност, нехигиена, влага, недостаток на медицински персонал и недоволна инвестиција во инфраструктурата, покажува новиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Пренатрупаноста и распаднатите ќелии остануваат најголем проблем за најголемиот затвор во државата, КПУ Идризово, но не е подобро ниту во другите поголеми затворски установи.

„Во КПУ Идризово најлоши се условите во приемното одделение и зградата амбуланта – дупки во ќелиите, валкани и распаднати ѕидови, ѓубре и нечисти душеци. Состојбата е особено загрижувачка и во Затворот Скопје – во просториите во кои се сместени притворените лица се служи храна и се извршуваат основните физиолошки потреби. Затворот Куманово се соочува со проблем во однос на обезбедување на вода, која претставува основно човеково право“, велат од ДЗР.

Покрај нехуманите услови, во затворите недостигаат доктори, но и затворски полицајци.

„Не е обезбедена целосна здравствена заштита на лицата лишени од слобода заради недоволен медицински персонал. Поради недоволен број на припадници на затворската полиција зголемени се трошоците за прекувремена работа, а тужбите од страна на затворската полиција за работа подолго од полното работно време и останати додатоци на плата придонесуваат за зголемени судски трошоци и исплати по извршни решенија“, велат од ДЗР.

Затворите немаат ниту доволно финансии да ги реализираат потребните активности и да ги подобрат условите, а она што го преземаат надлежните институции не е доволно за подобрување на состојбите, стои во заклучокот на извештајот. За таа цел, ревизорите даваат и сет од 26 мерки за надминување на состојбите, а кои во најголем дел ќе треба да ги имплементира Управата за извршување санкции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година
Следна Статија ДУИ бара да се повлече одлуката за назначувањето на Богојески

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бока: Македонија веќе требаше да биде во ЕУ, Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат

Проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан и интеграцијата на Македонија во Унијата е незавршен процес. Македонија веќе требаше да биде…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Пцовисаа две лами од редок вид во скопската Зоолошка градина

Хоророт во Скопската Зоолошка градина продолжува. Погинаа две лами. Во Куќата на стравот т.е Скопје ЗОО погинаа две Лами од…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме

Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто вечерва ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме во чест на 30…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН преку национална кампања ќе ја крева јавната свест во општеството за важноста на наставниците

На светскиот ден на наставниците ресорното министерство во земјава преку национална кампања ќе ја крева јавната свест за важноста и…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?