Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството
ХРОНИКА

ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството

Објавено March 7, 2026 20:29
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против Стојанче Јовановски, за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128, став 4, Телесна повреда од член 130, став 2, во врска со став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144, став 3, во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Неговата сопруга, 31-годишната Ивана, на 2 март околу 14 часот си го одзеде животот, скокајќи заедно со своето 6-годишно дете од тераса на висококатница во скопски Карпош.

„Од кривичната пријава, како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година до 2 март, кога оштетената, сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг, со кого била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и ѝ нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани, сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции. Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на нејзиниот сопруг се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место“, соопшти денеска ОЈО Скопје.

На критичниот момент претходеле неколку настани. Осомничениот прво се заканувал и ја удирал оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да ѝ се заканува дека ќе ја убие, со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и ѝ нанел телесни повреди, хематоми по главата и телото.

Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот, за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка ѝ. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и оттаму го извршила самоубиството.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, на кого врз основа на обезбедените докази до овој момент му се ставаат на товар неколку дела кои се гонат во скратена постапка. Обвинителството продолжува да прибира докази за овој комплексен настан, па поради опасноста од бегство на осомничениот, можноста за влијание врз сведоци и вештаци и веројатноста тој повторно да врши кривични дела, надлежниот јавен обвинител оцени дека притворската мерка е неопходна за негово обезбедување во текот на постапката“, додаваат од ОЈО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По нападите Кипар бара членство во НАТО
Следна Статија Осумдневен притвор за Стојанче, осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош

Жена од Скопје, најевројатно од Јурумлери е исчезната. На Фејсбук се споделува статус на лицето Аце Јоциќ кој пред кратко…

November 8, 2024
ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат, познат неговиот идентитет

На 14.11.2024 во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат…

November 15, 2024
ХРОНИКА

Спречени обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми.…

April 23, 2025
ХРОНИКА

IN MEMORIAM: Почина поранешниот јавен обвинител Воислав Гавровски

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство. Гавровски беше роден на 28.06.1951 година во Тетово, а на…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?