Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО Скопје бара одземање на двете патни исправи на лицето кое го усмрти Јорго Ќука
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОЈО Скопје бара одземање на двете патни исправи на лицето кое го усмрти Јорго Ќука
ХРОНИКА

ОЈО Скопје бара одземање на двете патни исправи на лицето кое го усмрти Јорго Ќука

Објавено November 4, 2025 20:15
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 3 ноември, управувајќи автомобил “Фолксваген пасат” по булеварот “Гоце Делчев” во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај.

Автомобилот го управувал со неприлагодена брзина која не му овозможувала да запре навремено во случај на потреба или пречка.

Пристигнувајќи на пешачки премин на крстосницата со улицата “Лазар Личеноски” осомничениот 37-годишник со предниот дел на возилото удрил во велосипед, управуван од сега починатиот Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот оштетениот се здобил со тешки телесни повреди и починал.

Надлежниот јавен обвинител одлучи да достави до Судот предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на македонска и српска патна исправа од осомничениот кој има двојно државјанство, одземање на возачка дозвола, забрана за напуштање на живеалиште и обврска да се јавува повремено кај надлежен државен орган.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две лица загинаа, а три се повредени во сообраќајна несреќа
Следна Статија Amazon и Open AI склучија договор од 38 милијарди долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Притвор за 23-годишник од Битола осомничен за полов напад и силување

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела…

November 9, 2024
ХРОНИКА

Момче од тетовско пронајдено мртво во езеро во Австрија

Дваесет и тригодишен жител на тетовското село Сараќино е пронајден мртов во езерото Факер во Австрија, откако неколку дена се…

May 29, 2026
ХРОНИКА

Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор

Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица…

December 4, 2024
ХРОНИКА

Убиениот на Бит Пазар бил син на поранешен командант на ОНА

Триесетгодишниот Алајдин Сулејмани од Арачиново, кој вчера им подлегна на тешките повреди здобиени од прострелни рани во вчерашните пукотници во…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?