Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречен обид за нелегално изнесување голема количина на девизи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Спречен обид за нелегално изнесување голема количина на девизи
ХРОНИКА

Спречен обид за нелегално изнесување голема количина на девизи

Објавено November 19, 2025 12:20
Сподели
Сподели

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава.

Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна во црна рачна торбичка се пронајдени 44.000 евра, а во багажниот простор на возилото во црна кожна ташна биле пронајдени дополнителни 50.000 евра или вкупно 94.000 евра за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.

На лицето му биле вратени 10.000 евра, сума која согласно Законот за девизно работење нерезидентите можат без да пријават да ja изнесат од државава, а останатиот износ од 84.000 евра се привремено одземени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судијката Груевска не прифати одложување на рочиштето поради спојување на двата предмети
Следна Статија Пожарникари извлекоа две лица со автомобил заглавени во надојдената вода на Пчиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се огласи ОЈО за тешката несреќа на Пластичарска: Возачот на Ауди-то бил под дејство на дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано…

May 31, 2026
ХРОНИКА

Бектеши останува во притвор

Апелациониот суд во Штип соопшти дека се завршени постапките по жалбите поднесени на решенијата за притвор во врска со случајот…

April 29, 2025
ХРОНИКА

МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и да…

December 18, 2024
ХРОНИКА

ВИДЕО: Лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари качени на хауба добија пријави од МВР

Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека веднаш…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?