Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Палевски: Не ме плаши доживотната робија, ниту влијае на мене – пресудата е нарачана и веќе донесена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Палевски: Не ме плаши доживотната робија, ниту влијае на мене – пресудата е нарачана и веќе донесена
ХРОНИКА

Палевски: Не ме плаши доживотната робија, ниту влијае на мене – пресудата е нарачана и веќе донесена

Објавено March 7, 2025 12:25
Сподели
Сподели

Пресудата е донесена на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Вака првообвинетиот Љупчо Палевски рече образложувајќи го новото барање за изземање на судијата Ивица Стефановски.

-Судијата крие оружје бидејќи не се вклопува во претходно нарачаната пресуда на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Доживотната робија не ме плаши ниту влијae на мене. Има докази кои судијата не сака да ги види, ниту допушта да ги презентирам. Не знам како судијата ќе ги цени доказите кога не ги прочитал, вели Палевски.

Претходно Палевски рече дека се бара изземање на судијата поради пристрасност.

-Во однос на листата на докази поднесена од моја страна на 26.09, судот пристрасно констатираше и донесе решение дека доказите кои се во моја корист, не можам да ги изведам затоа што се веќе биле изведени. Тоа не е точно затоа што без согласност од обвинетиот Љ.П. судијата дозволи да се читаат наслови и датуми и по една реченица без притоа да се објасни тој доказ каде е пронајден и под која околност е вештачен. Мојот обид да изнесам пред судот докази кои се во моја корист процедурално, вешто и некоректно е одбиено од процедурални причини за тоа ќе побарам и изземање она судијата Ивица Стефановски. Причината е во листата која е пред вас, е доказ број 7 ако може да го прочитам, вештачење од судска медицина од 15.12.2023 година во листата на докази на ОЈО Скопје постојат три писмени извештаи од истата институција. Предложениот доказ на Палчо број 7 не се наоѓа на листата затоа што и по датум е различен и по содржина, но пристрасноста во оваа постпката го отфрли како изведено, а не е изведено. Без моја согласност се прочитаа во сосема погрешен контекст сите 54 вештачењеа и нормално судијата одби да добијам шанса да ги изведам истите вештачења затоа што се во моја корист. ОЈО не ги изложи тие докази како докази во моја корист туку сосема обратно ги изложи како докази против мене, и тоа е причината за изземање, рече Палевски.

Поднесеното барање беше отфрлено од судечкиот совет, а против решението не е дозволена жалба. Ова не е прв пат Палевски да бара изземање на судијата од предметот, досега сите барања беа отфрлени од страна на претседателот на судот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Ако на јавноста не и се допаѓа и има пропусти ќе го поништиме тендерот за паркингот на Клинички центар, 50 денари за час е пристојна цена
Следна Статија Стојкоски: Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ученик претепан од малолетници, префрлен е во болница

На 30.05.2025 година во 13:05 часот во СВР Тетово Г.Ш. од Тетово, пријавил нарушување на јавниот ред и мир во…

May 31, 2025
ХРОНИКА

Вработени издавале државјанства на лица кои не се во Македонија и од нив добивале пари, МВР поднесе кривични пријави

Велешката полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради злоупотреба…

November 7, 2024
ХРОНИКА

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи: Мачени, па ликвидирани?

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка. Телата на двајца Срби и еден…

August 14, 2025
ХРОНИКА

СЕ ПОДГОТВУВАЛЕ ЗА ТРКА: Кумановец со автомобил удрил во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, учесници на младинските европски олимписки игри

На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, кумановско,…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?