Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Палевски планирал од Турција да оди во Минск, па во Москва, открило ЈО во пораките од телефонот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Палевски планирал од Турција да оди во Минск, па во Москва, открило ЈО во пораките од телефонот
ХРОНИКА

Палевски планирал од Турција да оди во Минск, па во Москва, открило ЈО во пораките од телефонот

Објавено February 14, 2025 15:33
Сподели
Сподели

Иако неговиот возач претходно сведочеше дека Палевски му кажал дека имал закажано операција во Истанбул, според обвинителството тој сепак имал поинакви планови. Заминувањето во Турција го планирал во часовите кога е киднапирана и убиена 14 годишната Вања Ѓорчевска, неколку дена подоцна на својот домаќин во Турција му пишал дека резервирал авионска карта за Минск за потоа на лице со име Драган да го извести дека на 5 декември ќе пристигне во Москва.

-На 27.11.2023 година од телефонот на Палевски кон извесен турски број имало повик од 9 секунди во критичниот период кога е убиена Вања, односно во 8.30 часот. Во периодот меѓу 27.11.2023 и 01.12.2023 нема остварено разговори, освен со Влатко Кешишов и со Стефан Димковски. Додека е во Турција, Палевски преку порака го известува Хусеин дека резревирал авионска карта за Минск, Белорусија. На 01.12.2023, на вибер му пишува на лице Драган дека на 5 декември, планира да стигне во Москва, па бара од него помош да го земе од аеродром.- Жаклина Крстевска Јосифовска – Јавен обвинител

На денешното рочиште беа презентирани и други докази на обвинителството како анализи на микро траги од реното кангу, отпушоци од цигари пронајдени во подрумски простории во зградата каде живеела Вања, траги од патеката на движење кон местото каде е убиено девојчето но и психијатриско вештачење за Палевски чиј заклучок денеска не беше образложен. Обвинителството има и нови докази – снимки од безбедносните камери од куќата на Велибор Манев од Велес кои, како што тврди, треба да ги покаже подготовките на обвинетите и нивното групирање. Одбраната на Палевски се противи на изведувањето на овие докази за кои судот на следното рочиште ќе одлучи дали ќе се изведат.

Палевски повторно бараше изземање на обвинителките Крстевска Јосифовска и Стојковиќ Димитриевска, но и на шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски со тврдење дека биле пристрасни и ја злоупотребиле јавнообвинителската функција. Следно рочиште судијата Ивица Стефановски закажа за 21 февруари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе решителни контрамерки на американските царини
Следна Статија Со метален предмет добила закани од сопругот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три деца и двајца возрасни повредени во тешка сообраќајка кај Трапчиндол

На 17.08.2025 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Трапчиндол, се случила сообраќајна…

August 18, 2025
ХРОНИКА

Јанев: Нема да дозволиме Македонија да биде упориште на криминални групи (ВИДЕО ОД АКЦИЈАТА НА МВР)

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев по последните акции на МВР, вели дека нема да дозволат Македонија да…

December 17, 2024
ХРОНИКА

На Бит Пазар пронајдено починато машко лице без документи

На 05.05.2025 во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ на подрачјето на Бит Пазар во…

May 6, 2025
ХРОНИКА

Пронајден починат маж во парк во Карпош, наредена обдукција

На 19 април 2025 година, во 06:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк на подрачјето на Карпош…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?