Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Папата ги нарекол „срамни“ депортациите на мигранти на средбата со Венс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Папата ги нарекол „срамни“ депортациите на мигранти на средбата со Венс
СВЕТ

Папата ги нарекол „срамни“ депортациите на мигранти на средбата со Венс

Објавено April 20, 2025 09:49
Сподели
Сподели

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во рамки на својата посета на Рим оствари кратка средба со папата Франциск во папската резиденција Каза Санта Марта, објавија американските медиуми.

Според извештаите, средбата се одржала во период на затегнати односи меѓу Ватикан и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пред сè поради контроверзните антиимиграциски мерки и драстичното намалување на меѓународната помош.

Венс, кој патува со своето семејство, се сретнал и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, како и со ватиканскиот министер за надворешни работи, надбискупот Пол Галагер.

Од Светата столица соопштија дека средбите се одвивале во „срдечна атмосфера“ и дека биле разменети мислења за низа глобални теми – од миграциските политики и статусот на затворениците, до тековните меѓународни конфликти.

Ватикан изразил задоволство од „посветеноста на американската администрација за заштита на слободата на вероисповед и совест“, и покрај тоа што Папата Франциск неодамна јавно ги осуди плановите на Трамп за масовни депортации, нарекувајќи ги „срамни“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се отворат 12.000 работни места и Драч ќе стане „втор Дубаи“
Следна Статија Рајо не го заборава: Цел стадион во Ваљекас му аплаудираше на Димитриевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Италија пресуди: Кражбата на храна од глад не е кривично дело

Највисокиот суд во Италија донесе историска пресуда, со која кражбата на мала количина храна од страна на бездомник, направена поради…

September 21, 2025
СВЕТ

Супертајфунот Рагаса стигна до Хонг Конг, во Тајван остави 14 мртви и над 100 исчезнати

Супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски циклон во светот годинава, денеска го погоди Хонг Конг со ветрови со сила на ураган и ненадејни поплави, а…

September 24, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Хаос на Флорида од ураганот Милтон, луѓе бегаат, снема бензин, продавниците празни

Делот од САД кој е погоден од ураганот Милтон е во целосен хаос. Она што им доаѓа би можело да…

October 9, 2024
СВЕТ

(Видео) Маскирани лица пукаа со калашникови во близина на метрото во Брисел, во тек е голема потрага

Белгиската полиција трага по вооружени лица откако беше пријавено пукање на една од метро станиците во белгискиот главен град. На…

February 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?