Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години
СВЕТ

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Објавено September 14, 2025 16:30
Сподели
Сподели

Папата Лав Четиринаесетти денеска наполни 70 години, но и покрај јубилејот неговиот дневен распоред останува работен, јавија италијанските медиуми.

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан.

Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои се молат за него.

На плоштадот верниците носеа плакати и балони на кои пишуваше „Среќен роденден“ и го поздравија со песна за неговиот јубилеј.

Мои сакани, како што изгледа знаете, денеска наполнив 70 години, изјави папата. „Му благодарам на Бог, на моите роднини и на сите кои ме спомнуваат во своите молитви“, додаде тој.

Кога беше избран за папа, Лав Четиринаесетти со своите 69 години стана најмладиот кардинал избран за поглавар на Римокатоличката црква од 1978 година, кога Полјакот Карол Војтила беше избран за папа Јован Павле Втори на 58-годишна возраст.

За својот роденден папата Лав доби многу цртежи од деца, испратени по пошта до Ватикан. Вчера тој доби и чоколадна торта од новиот амбасадор на САД во Ватикан.

Подоцна денеска папата ќе биде на црковен настан во базиликата „Сан Паоло фуори ле мура“.

Неговите роднини во САД и неговото августинско семејство, од кое потекнува Лав Четиринаесетти, исто така планираат да го одбележат јубилејот.

Лав Четиринаесетти доби и честитки од разни лидери по повод неговиот јубилеј.

„На денот на Вашиот 70-ти роденден, ве молам да ги прифатите најсрдечните честитки, кои со задоволство ви ги упатувам во име на италијанскиот народ, заедно со моите искрени желби за духовна и лична благосостојба“, се вели во честитката на италијанскиот претседател Серџо Матарела.

„Сакам да ве уверам, Свети Отче, дека за време на Вашата највисока апостолска мисија секогаш ќе можете да сметате на соработката на Италијанската република, која во Вашата порака за почитување на централната улога на човекот, служењето и единството гледа одраз на вредностите на сопствениот устав. Со надеж дека наскоро ќе ве пречекаме во палатата „Квиринале“ (италијанското претседателство), ве молам во среќниот ден на Вашиот роденден да го прифатите изразот на срдечната блискост на сите Италијанци и на моето најдлабоко почитување“, стои во пораката на Матарела.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони на својот профил на Фејсбук упати лични желби и во името целата италијанска влада по повод 70-от роденден на папата Лав Четиринаесетти.

„Неговите зборови и учења се извор на инспирација и претставуваат сигурен и цврст ориентир во исклучително сложени времиња, кога сигурноста изгледа нестабилна, а промените се толку ненадејни колку што се и длабоки. Нека неговиот пат продолжи да биде осветлен од вера, храброст и надеж. Сигурна сум дека италијанскиот народ никогаш нема да му ја одбие својата љубов и посветеност“, додаде Мелони.

Претседателите на Сенатот и на Долниот дом на италијанскиот парламент исто така упатија свои честитки до папата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ова што се случува сега и цело лето ќе продолжи, затоа што некој има интерес – но тие ќе бидат поразени
Следна Статија Пратеникот на Левица Сашко Јанчев е приведен, учествувал во сообраќајка, повредени се двајца малолетници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Путин е подготвен да разговара со Трамп, чека сигнали од Вашингтон

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да оствари контакт со претседателот на САД, Доналд Трамп. Oва денеска го изјави портпаролот…

January 24, 2025
СВЕТ

Залужни: Украина не може да ги врати границите од 2022 година

Украина треба да се откаже од обидите да ги врати своите граници воспоставени по падот на Советскиот Сојуз во 1991…

May 23, 2025
СВЕТ

Колку помош доби Украина и дали нејзините ресурси можат да ја покријат?

Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Украина доби значителна меѓународна финансиска и воена помош, при што најголеми донатори…

February 26, 2025
СВЕТ

Трамп ќе биде осуден пред неговата инаугурација, во случајот мито за молчење

Десет дена пред да ја преземе функцијата претседател, Доналд Трамп ќе ја слушне пресудата за случајот „мито за молчење“. Судијата…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?