Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Папата Франциск би можел да се повлече од должноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Папата Франциск би можел да се повлече од должноста
СВЕТ

Папата Франциск би можел да се повлече од должноста

Објавено February 21, 2025 19:37
Сподели
Сподели

Италијанскиот кардинал Џанфранко Раваси во радио емисија изјави дека не ја исклучува можноста папата Франциск да си замине од должноста, слично како и неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти, јавија американските медиуми.

Пред 12 години, Бенедикт Шеснаесетти стана првиот папа кој поднесе оставка по папата Григориј XII во 1415 година, што предизвика големо изненадување кај Католичката црква.

Раваси истакна дека папата би можел да донесе таква одлука доколку неговата здравствена состојба спречи негов натамошен директен контакт со верниците, што нему му е исклучително важно.

За можната оставка на Папата јавно проговорија и кардиналите Жан Марк Авелин, надбискупот од Марсеј, во Франција, и Хуан Хозе Омеља од Барселона.

Папата Франциск веќе една недела се наоѓа во болница поради проблеми со белите дробови.

Кардиналот Авелин рече дека се е можно, додека кардиналот Омеља нагласи дека животот на црквата продолжува дури и доколку папата Франциск биде во болница, пренесуваат американските медиуми.

-Папите се менуваат, ние епископите се менуваме, парохиските свештеници се менуваат, заедниците се менуваат. Но, возот мора да продолжи, коментираше баскискиот кардинал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со какви минерали е богата Украина и зошто Трамп ги сака?
Следна Статија (ВИДЕО) Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на Конференцијата CPAC во Вашингтон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

100-годишен ветеран од Втората светска војна учествуваше на Парадата на победата во својот тенк Т-34

100-годишниот учесник во Втората светска војна, Николај Борисов, учествуваше на Парадата на победата во Воронеж… Борисов се возеше во легендарниот…

May 9, 2025
СВЕТ

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на ниво на државна политика, оцени денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој…

September 23, 2025
СВЕТ

Итен состанок во ЕУ поради заканата на Трамп за нови царини

Итен состанок на амбасадорите на ЕУ е закажан за денеска во Брисел, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе…

January 18, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Каква дрога е каптагон, која е наречена кокаин за сиромашни во Сирија

Видеото кое се појави на социјалните мрежи покажува наводен магацин во Сирија во кој се наоѓа каптагон, дрога што ја…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?