Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева на четврти мандат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева на четврти мандат
БАЛКАН

Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева на четврти мандат

Објавено May 11, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116,  од нив за првпат 114.642 лица.  Бројот на гласачи на овие избори е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува 2.402.113.

На овие избори за првпат право да гласа има и албанската дијаспора, која се чини ќе има големо влијание врз конечните резултати. За остварување на ова право, земјата ќе потроши 10 милиони евра.  Иако надвор од земјата се најмалку 1,3 милиони албански граѓани според прифатените  апликации ова право треба да го остварат 245.935 лица. До вчера тоа право го оствариле околу 80 отсто, поточно нивните пликови со гласачкото ливче се пристигнати во Тирана, во определено место за администрирање на овој процес – Спортската палата „Фети Борова“, во близина на Олимпискиот парк. Тука се подготвуваа и оттука испраќаа ливчињата, а таму ќе се пребројуваат и гласовите, кои ќе пристигнат денеска до 19 часот, во спротивно ќе се сметаат за неважечки. 

Новите 140 пратеници, колку што брои Законодавниот дом, по првпат се избираат по принцип на затворени листи, што значи сигурни мандати (92, по 46 на Социјалистичката и Демократската партија која отстапи дел од пратеничките места на помалите партии со кои е во изборна коалиција) и 48 на отворени листи, за кои во трка се 2046 кандидати на 11 политички партии и коалиции.

Во 12 изборни единици, ќе се гласа на 5.225 избирачки места, кои ќе бидат обезбедувани од полицијата. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, која ја предводи амбасадорот Ламберто Заниер, се состои од тим од 12 експерти со седиште во Тирана. Исто така дел од мисијата, се и 26 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат во Тирана и ќе бидат распределени низ цела Албанија, додека 300 краткорочни набљудувачи пристигнаа деновиве. Денеска ќе има побројна мисија со делегации од Парламентарното собрание на ОБСЕ, Парламентарното собрание на Советот на Европа и делегација од Европскиот парламент.

Денешните избори се првите парламентарни избори откако Албанија формално ги започна преговорите за пристап во Европската Унија во јули 2022 година.

Премиерот Еди Рама и неговата владејачка Социјалистичка партија (СП), која коалицира единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) се борат за четврт последователен мандат, додека опозицијата „Алијанса за величествена Албанија предводена од Демократската партија (ДП), на Сали Бериша, како втора најсилна политичка сила, следена од помали 25 политички партии и движења, ќе се обиде да се врати на власт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Tриумф на Бостон против Њу Јорк, Минесота подобра од Голден Стејт (ВИДЕО)
Следна Статија Студентите во блокада во Србија подготвуваат листа, бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно радикализација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Случајност или не? Британски авион кружел над Бања Лука за време на изрекувањето на пресудата за Додик

Авион “Beech 90 King Air” кружеше над Бања Лука додека му беше изречувана казната на Додик. Пред два месеци, истиот  авион …

February 27, 2025
БАЛКАН

Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително

По бојкотот на големите трговски ланци што се одржа во петокот на 31 јануари во Србија, Здружението за заштита на…

February 6, 2025
БАЛКАН

Вучиќ ги однесе родителите на „Свински бајадери“ во Борча: После 100 години најдов време да ручам со нив (ВИДЕО)

Претседателот Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави видео со родителите на заеднички ручек. Како што рече, ги однел во…

February 24, 2025
БАЛКАН

Ужас во Србија: Се сруши конструкција на железничка станица во Нови Сад, има повредени, меѓу нив и деца

Дел од главната железничка станица во српскиот град Нови Сад, се сруши утрово, при што повредени се неколку лица, меѓу…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?