Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Tриумф на Бостон против Њу Јорк, Минесота подобра од Голден Стејт (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Tриумф на Бостон против Њу Јорк, Минесота подобра од Голден Стејт (ВИДЕО)
СПОРТ

Tриумф на Бостон против Њу Јорк, Минесота подобра од Голден Стејт (ВИДЕО)

Објавено May 11, 2025 08:56
Сподели
Сподели

Актуелниот НБА шампион Бостон Селтикс со убедливи 115-93 го совлада Њујорк Никс во Медисон Сквер Гарден и дојде до првата победа во оваа полуфинална серија од плејофот на Источната конференција на НБА лигата, со што намали го резултатот на 1-2 во победи.

Со ова продолжи трендот во Источната конференција, по шест одиграни натпревари во второто коло од плејофот, домашниот тим сè уште нема победа.

По двете победи на Никс, во кои надополнија негатива од 20 поени, Селтикс не им дозволија да направат нешто слично пред своите навивачи.

Пејтон Причард со 23 поени беше најефикасен во победничкиот тим. Џејсон Тејтум запиша 22 поени, девет скокови и седум асистенции. Џејлен Браун уфрли 19 поени, а Дерик Вајт 17.

Најдобар стрелец кај Њујорк никс повторно беше Џејлен Брансон со 27 поени и седум асистенции. И покрај лошата шутерска вечер (5/18), Карл-Ентони Таунс заврши со 21 поен и 15 скокови.

Кошаркарите на Минесота тимбервулвс поведоа со 2-1 против Голден Стејт Вориорс во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА лигата, откако во третиот натпревар во Сан Франциско победија со 97-102.

Гостите ги предводеше Ентони Едвардс со 36 поени, а веднаш зад него беше Џулиус Рендл со 24 поени, 12 асистенции и 10 скокови. Кај Вориорс, кои играа без повредениот Стеф Кари, најдобри беа Џими Батлер со 33 поени, седум скокови и седум асистенции, како и Џонатан Куминга со 30 поени и шест скокови. И четвртиот натпревар ќе се игра во Сан Франциско.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева на четврти мандат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Енис Барди стана татко

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, стана татко. „Нашиот фудбалер Енис Барди и неговата почитувана сопруга Фестина добија…

October 8, 2025
СПОРТ

СКАНДАЛ: Спортисти масовно ги враќаат олимписките медали од Париз, итно огласување на ИОК (ФОТО)

Олимписките игри во Париз 2024 година завршија летово, но деновиве продолжува олимписката приказна со вистински скандал. Имено, како што пишуваат…

January 14, 2025
СПОРТ

Финалето на ЛШ во 2027 ќе се одигра на стадионот на Атлетико Мадрид

Финалниот натпревар од фудбалската Лига на шампиони во 2027 година ќе се одигра на стадионот на Атлетико Мадрид, објави денеска…

September 12, 2025
СПОРТ

Македонија одигра без голови против Ирска

Македонската репрезентација одигра без голови на пријателскиот меч во Даблин против Ирска. За разлика од мечот со Данска македонските фудбалери…

March 31, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?