Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено May 11, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Потсети дека во моментот траат внатрепартиските анкети, каде се оценуваат повеќе потенцијални имиња, а според него, тој што ќе најдобар на истите ќе биде иден прв човек на Скопје.

-Името за Град Скопје очекувам да дојде во текот на летото, иако постојат и јавно се познати дел од имињата кои што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, има и други заинтересирани, така што се анкетираат во моментов и очекувам дека во средината на летото ќе имаме резултати. Секако дека имам и мои лични фаворити и фаворити на партијата, но ќе оставам органите и телата на партијата тоа да го соопштат. Очекувам дека анкетите ќе покажат дека некој кој што е партиски член или активист ќе биде најдобар на анкетите и наш прв избор, изјави Андоновски на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) каде што започна хакатонот „Кликни безбедно“.

Министерот истакна дека во партијата се задоволни од мерењата на јавно мислење и очекуваат уште поголема победа во однос на минатите избори.

-Процесот е во тек, започна уште во почетокот на годината за сондирање на состојбите кои што се во општеството, колку граѓаните се задоволни од сегашните градоначалници, колку сметаат дека можеби некој треба да има промена и кое име сметаат дека најдобро би ја вршел задачата. Првиот бран на одлуки ќе биде во втората половина на мај за определени општини каде што веќе тоа е кристално јасно, голем дел од постоечките градоначалници ќе трчаат и втор пат, изјави Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул
Следна Статија Tриумф на Бостон против Њу Јорк, Минесота подобра од Голден Стејт (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра

Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендер, обвинуваат од СДСМ. Опозициската партија тврди дека од државни институции и…

December 6, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Интервенцијата во Иран е оправдана, но САД треба да знаат дека и во земјава има авторитарна власт

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче смета дека нападот на САД, заедно со Израел, врз Иран…

March 1, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата

Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај а власта сѐ луксузира врз грбот на народот,…

February 21, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Победата во Лозово е на дофат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешните средби со граѓани од Лозово, порача дека кандидатот за…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?