Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено December 5, 2025 13:46
Сподели
Сподели

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот. Ова е коментарот што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го даде во врска со соопштението на СДСМ од утринава во кое опозиционерите наведоа дека премиерот Христијан Мицкоски го имитира српскиот претседател Александар Вучиќ и по негов модел за напролет подготвува предвремени парламентарни избори.

„Доколку во СДС сметаат дека се подготвени и дека ја имаат поддршката од народот за избори, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори. Доколку во СДС сметаат дека анкетите во кои тие се 4-5 партија во Македонија не се точни и дека имаа поголема доверба од народот, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно денеска, СДСМ во партиско соопштение направи споредба меѓу политичкото дејствување на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и српскиот претседател Александар Вучиќ, потенцирајќи дека власта во земјава работи по усогласени политички чекори со таа во Србија. Во таа насока, опозицијата посочи дека Мицкоски го имитира Вучиќ и по негов модел за напролет подготвува предвремени парламентарни избори.

Мицкоски на вчерашниот брифинг со новинарите ја отфрли идејата за предвремени парламентарни избори напролет 2026 година и посочи дека следната година е предизвикувачки период за државата во кој треба да се продолжи со реформската агенда, но и да се одржи макроекономската стабилност на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од 1 јануари пониски трошоци за струја, се намалува надоместокот за дистрибуција
Следна Статија Идните акции се стабилни по зголемување на пазарите додека очекувањата за намалување на каматните стапки јакнат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ откри дел од кандидатите за локалните избори – меѓу нив не е Костадинов!

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори.…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Поради трагедијата во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за претседател

Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на…

March 16, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Очекувам пристојни, фер и демократски избори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на првиот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар. Во изјава за…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Обвинителството темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово и улогата на Филипче

Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во…

February 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?