Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Партнерот на Дрин Ахмети во „Соравија“ и фирмата „Ѓока“ за паркингот во Клинички под истрага во Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Партнерот на Дрин Ахмети во „Соравија“ и фирмата „Ѓока“ за паркингот во Клинички под истрага во Албанија
МАКЕДОНИЈА

Партнерот на Дрин Ахмети во „Соравија“ и фирмата „Ѓока“ за паркингот во Клинички под истрага во Албанија

Објавено November 21, 2025 17:00
Сподели
Сподели

Специјалната антикорупциска структура (СПАК) во Тирана, која е една од најважните и најмоќните институции во Албанија, ја суспендираше од функцијата албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура Белинда Балуку. Забрането ѝ е да ја напушта и Албанија. СПАК вчера ја обвини за местење тендери во кои како фирми се јавуваат и албанските компании „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“ кои изминативе две години беа дел од две одвоени афери и во Македонија, објави ИРЛ.

Доцна синоќа СПАК официјално соопшти и детали од случајот, а заедничко за двата тендера е што добитниците биле однапред договорени.

Обвинетата Белинда Балуку, во соработка со членовите на Комисијата за евалуација на понуди, обвинетите Евиз Бербери, Гентиан Ѓули, Ералд Елези, Јетмира Дервиши и Мирзета Кашница, однапред го утврдиле добитникот на постапката за јавна набавка за тунелот Логара, создавајќи неправични предности и привилегии“, се наведува во соопштението на СПАК.

Исто било откриено и во постапката за изградба на надворешната сообраќајна обиколница број 4 околу Тирана.

Балуку, во соработка со обвинетиот Евиз Бербери, членовите на Одделението за јавни набавки, лицата, членовите на Комисијата за евалуација на понуди., однапред го утврдиле добитникот на оваа постапка за јавна набавка“, се наведува во соопштението на СПАК.

Во албанскиот регистар за јавни набавки ИРЛ денеска провери кои фирми ги добиле тендерите и ги откривме имињата на „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“.

Компанијата „ПЕ-ВЛА-КУ“ работела на обиколницата околу Тирана, а „Ѓока Констракшн“ во 2021 година ја добила работата за пробивање на тунелот под планината Логара. Тој сега сообраќајно ги поврзува Валона и јужното јонско крајбрежје, но тендерот бил поништен, а од албанската фирма не се жалеле.

Целиот текст тука.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт
Следна Статија Младата Месечина во Скорпија на 20 ноември носи убави мигови за 4 знаци на Зодијакот!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Героски: Судија Илија Трпков, да судеше на стадион, знаеш ли како би ти викала публиката?

Некаде во 2020 година, пред воопшто да почнам да пишувам за судскиот процес „Организатори на 27 април“, поточно за случајот…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова беше говор во кој јасно и гласно се слушна гласот на Македонија

Обраќањето на CPAC во Вашингтон беше можност да ги истакнеме македонските вредности и традиции, тие темели што ја дефинираат нашата национална посебност и…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Интензиво се работи на булеварот „Македонија“: Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, извршил увид во градежните активности на булеварот „Македонија“, проект што…

February 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожарникарите во Пробиштипско се борат да го спасат селото Ратавица

Околу Пробиштип сѐ уште е активен пожарот кој попладнево се доближи и зафати повеќе села. Пожарникарите, помогнати од доброволци и…

July 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?