Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Починатата Ивана во октомври поднела тужба за развод, пред еден месец е пријавен физички напад од сопругот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Починатата Ивана во октомври поднела тужба за развод, пред еден месец е пријавен физички напад од сопругот
МАКЕДОНИЈА

Починатата Ивана во октомври поднела тужба за развод, пред еден месец е пријавен физички напад од сопругот

Објавено March 3, 2026 15:23
Сподели
Сподели

Во врска со трагичниот случај во кој мајка и дете го загубија својот живот, Министерството за социјална политика, демографија и млади изразува длабоко сочувство до семејството и блиските.

Постапувајќи согласно законските надлежности,  Министерството веднаш изврши вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, со цел целосно и непристрасно утврдување на фактичката состојба и начинот на постапување на институцијата.

Според првичните информации од инспекторите, починатата заедно со сопругот за прв пат се евидентирани во Центарот на 07.10.2025 година, по барање на Основниот граѓански суд за постапување по тужба за развод на брак.

Во однос на пријавено насилство, допис од Министерството за внатрешни работи е примен и заведен во Центарот на 02.02.2026 година, а се однесува на настан од 19.12.2025 година, за сторен прекршок против јавниот ред и мир односно физички напад на сопругот врз сопругата.

Министерството има јасен и недвосмислен став: секое евентуално пропуштање, ненавремено постапување или непочитување на законските обврски мора да биде целосно утврдено, а одговорност мора да има согласно закон.

Заштитата на жртвите на насилство и превенцијата од семејно насилство се врвен приоритет и нема да дозволиме институционални слабости да останат неадресирани.

Инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување Министерството транспарентно ќе ја информира јавноста за наодите и за понатамошните мерки. Министерството будно ќе го следи случајот и ќе преземе сè што е во негова надлежност за да се обезбеди целосна одговорност и зајакнување на системот на заштита.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Man Arrested For Reported DUI Outside of Nancy Guthrie’s Home – TMZ
Следна Статија Google quantum-proofs HTTPS by squeezing 2.5kB of data into 64-byte space – Ars Technica

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци

По повиците на социјалните мрежи граѓаните во петок да не пазаруваат во маркетите поради високите цени како што тоа се…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Денес, на оваа престижна меѓународна платформа, се собираме со чувство на одговорност, но не само како претставници на различни нации…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уапсен дилер во Кичево

Вчера во 23.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево го лишиле од…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДИК ги објави конечните резултати за 44 општини: Во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во рамки на продолжението на 150- седница ги објави конечните резултати од Локалните избори за…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?