Пајак не сакаше да крене непрописно паркирано “службено порше“ во „Дебар Маало“ оти бил на полицаец (ВИДЕО)

- Advertisement -

На социјалните мрежи е споделено видео на кое се гледа расправија помеѓу граѓани и пајак служба на ПОЦ поради непрописна паркирано „Порше Кајен“ во Дебар Маало.

Според она што се слуша на видеото возилото стоело повеќе од 4 часа на велосипедска патека а полицаецот кој е присутен заедно со вработените во пајак службата вели дека возилото е службено, сопственикот е полицаец на должност. По неколку минутна расправија и откако полицаецот на должност се консултира со некого, пајак службата го крева возилото.

Сподели ја оваа статија