Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули , останатите 50 проценти од 1 јануари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули , останатите 50 проценти од 1 јануари
ЕКОНОМИЈА

Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули , останатите 50 проценти од 1 јануари

Објавено June 1, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули оваа година, а останатите 50 проценти од 1 јануари следната година. Тоа ќе даде можност производителите да го зголемат своето прозиводство, да имаме поголем извоз и поголем приход за компаниите, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што предвидуваат новите измени на Законот за царини.

Тоа е уште еден акутен проблем што го имаше бизнисот, нагласи Мицкоски и додаде дека сето тоа се прави заедно со стопанските комори и со Сојузот на странски инвеститори во државата.

– Уште едно тешко наследство од минатото, тие се дел од тие парафискални давачки што го отежнуваа работењето и на странски и на домашни производители, бидејќи царината на суровините беше неусогласена со Европскиот царински тарифник и ние тоа го правиме преку ова законско решение, изјави премиерот Мицкоски денеска по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во Институтот за јавно здравје.

Мицкоски напомена дека исто така со овие измени го усогласуваат и царинскиот тарифник за т.н. акумулатори на електрична енергија или резервоари за складирање  електрична енергија што се прозведува, од сегашните 15 проценти на 2,5 или 2,7 проценти, со што, како што рече, ќе се олесни драматично инсталирањето на вакви уреди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ
Следна Статија (ВИДЕО) Николоски: Интензивно се работи на трите автопатски делници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Фич го намали кредитниот рејтинг на Франција

Меѓународната рејтинг агенција Фич го намали кредитниот рејтинг на Франција, предупредувајќи дека политичката нестабилност го стеснува просторот за маневрирање за…

September 15, 2025

Зошто Волстрит е незадоволен со изборот на Трамп за шеф на Федералните резерви

Инвеститорите добиваат нешто што најмногу го мразат: несигурност.

February 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За многу скоро пуштање на делницата Дреново – Фариш

Николоски додаде дека минантата година, вкупно милион и сто илјади евра преку министерството за транспорт беа префрлени на наменска сметка…

February 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Високите цени на становите влијаат врз пазарот за изнајмување

Во Скопје, Тетово, Штип и Битола се бележи пораст на цените за изнајмување на станови, особено во централните градски подрачја.…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?