Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пелети полиени со бензин укажуваат дека пожарот кај Блаце е подметнат, нема изгорени куќи во Чучер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пелети полиени со бензин укажуваат дека пожарот кај Блаце е подметнат, нема изгорени куќи во Чучер
ХРОНИКА

Пелети полиени со бензин укажуваат дека пожарот кај Блаце е подметнат, нема изгорени куќи во Чучер

Објавено July 8, 2025 12:46
Сподели
Сподели

Постојат индиции пожарот кој во неделата околу попладне избувна на магистралниот пат од Скопје кон граничниот премин Блаце да е подметнат, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

Тој посочува дека изутрината пожарникарите на местото каде што настанал пожарот пронашле дрвени палети за кои треба да се утврди дали биле прелиени со бензин и фрлени во смреки.

Додаде дека на местото на избувнувањето на пожарот бил присутен 15, 20 минути по неговото избувнување и можел да види дека линијата на огнот е многу широка како за пожар кој би се појавил од фрлен опушок од цигара.

Денес утрово додека пожарникарите работеа на неговото доизгаснување, бидејќи овој пожар е под целосна контрола во овој момент, најдоа на неколку места дрвени палети , претходно најверојатно намачкани или прелиени со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно утрово се обидуваше да го реактивира овој пожар којшто сеуште е под контрола, вели Ангелов.

Тој упати апел до граѓаните доколку забележат сомнително однесување, особено луѓе коишто носат со нив дрвени палети во возило или во рака, истото веднаш да го пријават на бројот 112.

Воедно не е точна веста дека во текот на вчерашниот ден некој манастир или црква биле во непосредна опасност од пожарот. Исто така не е точна веста дека изгореле три куќи од село Чучер, нагласува Ангелов.

Додава дека во текот на вчерашниот ден не дозволиле да изгори ниту една куќа, благодарение на храбрата реакција на скопските пожарникари, пилотите на Полицијата на Армијата, но и на локалното население.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката за Извештајот на ЕП: Се докажува демократскиот дефицит во ЕУ
Следна Статија Мицкоски: Не само што нема зголемување на долгот, туку има и намалување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

И Буцо Битбокс е жртва во трагедијата

Битбоксерот Мартин Атанасов, познат како Буцо Битбокс е една од жртвите на трагедијата која ја зави Македонија во црно. Цел…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава против Прпарим, Груби, Ковачевски и уште пет лица

На 13.12.2024 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција…

December 17, 2024
ХРОНИКА

Таткото на Вања до Велибор Манев: Зошто ми го убивте детето?

На денешното судење за убиствата на Вања и Панче таткото на Вања се обрати до Велибор Манев и го праша…

March 19, 2025
ХРОНИКА

МВР поднесе кривична против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор

СВР Тетово и Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал до Основното јавно обвинителство Тетово поднесоа кривична…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?