Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не само што нема зголемување на долгот, туку има и намалување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Не само што нема зголемување на долгот, туку има и намалување
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Не само што нема зголемување на долгот, туку има и намалување

Објавено July 8, 2025 12:49
Сподели
Сподели

Не само што немаме зголемување на долгот, туку имаме и намалување. Тоа е реалноста. Нашата задача и обврска е да работиме во интерес на граѓаните. Делата нека зборуваат, немам што да коментирам на пораките од СДСМ, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Велес, Мицкоски напомена дека тоа што го направи оваа Влада за нешто повеќе од една година е спротивен процес на задолжување.

Не можам да ги разберам пораките од СДСМ. Факт е дека во март имавме намалување на јавниот долг за 4,7 отсто од БДП, вративме еврообврзница од половина милијарда евра што ја зема претходната власт во 2018 година, Министерството за финансии жестоко се бори да ја одржи макроекономската стабилност без притоа да имплементира нови давачки, без да ги зголеми ДДВ и возраста за пензионирање, нешто што е барање и на меѓународните институции, да ги вратиме 50-те милиони евра данок на солидарност,… Се што сме се задолжиле е за да вложиме во капитални инвестиции, а не за плати и пензии како што правеше претходната власт, а сепак наоѓаме ликвидност, да реализираме проекти, се бориме буџетскиот дефицит да го намалиме на под четири отсто. Знам колку вложуваат сите владини членови и Министерството за финансии за да се одржи макроекономската стабилност, а притоа немаме зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните, зголемени се пензиите, вративме плати – потенцира Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пелети полиени со бензин укажуваат дека пожарот кај Блаце е подметнат, нема изгорени куќи во Чучер
Следна Статија СДСМ: Нов бран економско тонење, животниот стандард уништен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари

Уште една недела трае мерката за замрзнување на профитната маржа на прехранбените производи коишто се дел од есенската потрошувачка кошничка.…

October 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За кратко време ја консолидиравме економијата, индикаторите за раст на БДП се меѓу најдобрите во Европа

На прес-конференција посветена на економскиот раст, претседателот на Владата рече дека податоците што ги објави Државниот завод за статистика ги…

December 8, 2024
ЕКОНОМИЈА

Цените на производите се следат, ако има потреба Владата ќе интервенира

Цените на прехранбените производи се следат и ако е потребно ќе интервенираме со нивно ограничување иако тоа не сакаме да…

January 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Потврда стигна и од М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром

М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?