Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пелети полиени со бензин укажуваат дека пожарот кај Блаце е подметнат, нема изгорени куќи во Чучер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пелети полиени со бензин укажуваат дека пожарот кај Блаце е подметнат, нема изгорени куќи во Чучер
ХРОНИКА

Пелети полиени со бензин укажуваат дека пожарот кај Блаце е подметнат, нема изгорени куќи во Чучер

Објавено July 8, 2025 12:46
Сподели
Сподели

Постојат индиции пожарот кој во неделата околу попладне избувна на магистралниот пат од Скопје кон граничниот премин Блаце да е подметнат, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

Тој посочува дека изутрината пожарникарите на местото каде што настанал пожарот пронашле дрвени палети за кои треба да се утврди дали биле прелиени со бензин и фрлени во смреки.

Додаде дека на местото на избувнувањето на пожарот бил присутен 15, 20 минути по неговото избувнување и можел да види дека линијата на огнот е многу широка како за пожар кој би се појавил од фрлен опушок од цигара.

Денес утрово додека пожарникарите работеа на неговото доизгаснување, бидејќи овој пожар е под целосна контрола во овој момент, најдоа на неколку места дрвени палети , претходно најверојатно намачкани или прелиени со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно утрово се обидуваше да го реактивира овој пожар којшто сеуште е под контрола, вели Ангелов.

Тој упати апел до граѓаните доколку забележат сомнително однесување, особено луѓе коишто носат со нив дрвени палети во возило или во рака, истото веднаш да го пријават на бројот 112.

Воедно не е точна веста дека во текот на вчерашниот ден некој манастир или црква биле во непосредна опасност од пожарот. Исто така не е точна веста дека изгореле три куќи од село Чучер, нагласува Ангелов.

Додава дека во текот на вчерашниот ден не дозволиле да изгори ниту една куќа, благодарение на храбрата реакција на скопските пожарникари, пилотите на Полицијата на Армијата, но и на локалното население.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката за Извештајот на ЕП: Се докажува демократскиот дефицит во ЕУ
Следна Статија Мицкоски: Не само што нема зголемување на долгот, туку има и намалување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека…

October 20, 2025
ХРОНИКА

Арачиново: Ги викнале да разговараат за 7.000 евра долг па извадиле пиштоли и почнале да ги пукаат

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против двајца браќа обвинети за…

April 28, 2025
ХРОНИКА

Во акцијата „Премин“ паднаа  16 царински службеници- примале поткуп од 20 до 150 евра

Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?