Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пелистер ги загуби сите шанси во ЛШ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Пелистер ги загуби сите шанси во ЛШ
СПОРТ

Пелистер ги загуби сите шанси во ЛШ

Објавено February 28, 2025 20:30
Сподели
Сподели

Тренерот на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, изрази задоволство од настапот на своите ракометари на гостувањето во Берлин и покрај синоќешниот пораз од германски Фуксе во Лигата на шампиони.

Битолскиот состав претрпе пораз од Фуксе Берлин од 39-29 во натпреварот од 13. коло во групата А со што ги загуби шансите за пласман во плејофот.

„Натпреварот беше повеќе-помалку израмнет сè до последните дваесет минути игра. Се трудевме да не дозволиме да загубиме со висока разлика. Во дефанзивата завршивме одлична работа, но во вториот дел не можевме да го реализираме она што го планиравме. Би сакал да им честитам на моите момци за одиграното на овој натпревар“, изјави Алонсо на прес – конференцијата по натпреварот.

Битолчани се враќаат на обврските во македонската Суперлига и в недела од 13:00 часот ќе гостуваат во Радовиш.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Баба во банка уплатила 100 фалсификувани евра
Следна Статија Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Има ли сили Силекс да стане шампион на Македонија

Екипата на Силекс најмногу профитира по 24. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Кратово попладнево забележа победа на…

March 15, 2025
СПОРТ

Конте ќе остане во Наполи

Додека во Наполи се уште трае еуфоријата поради освојувањето на Скудетото, навивачите во градот под Везув добија уште една вест…

May 30, 2025
СПОРТ

Крукс е најбрзиот пливач на сите времиња

Џордан Крукс од Кајманските Острови е најбрзиот пливач на сите времиња. Во квалификациската рунда во дисциплината 50 метри слободно на…

December 14, 2024
СПОРТ

Шкендија со многу мака го елиминира ТНС, следува Стеауа

Екипата на Шкендија успеа со голема борба и доза на драма да се пласира во второто квалификациско коло од Лигата…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?