Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пелистер го декласира Алкалоид и ја презеде челната позиција на табелата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Пелистер го декласира Алкалоид и ја презеде челната позиција на табелата
СПОРТ

Пелистер го декласира Алкалоид и ја презеде челната позиција на табелата

Објавено February 25, 2025 08:22
Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер го декласира Алкалоид со 33:20 (16:11) и доколку не се случи нешто непредвидено во последните три кола од регуларниот дел на сезоната, во плејофот ќе влезе од првата позиција пред Вардар и вечерашниот ривал.

Пелистер на Алкалоид му покажа кој е актуелен шампион. Наметна ритам кој играчите на Алкалоид не можеа да го следат.

Фуриозно отвори Пелистер со 5:1, набргу стекна предност и од пет гола, а Алкалоид малку се доближи кога со серија од три гола намали на 12:9. Но Пелистер одговори со иста мерка, а на полувреме домашните водеа со 16:11.

Во вториот дел, впечатокот е дека домашните уште повеќе го засилија темпото, направија серија 6:1 со која прв пат стекнаа двоцифрена предност (24:14). До крајот разликата ја зголемија за уште три гола.

Кузмановски со 11 и Радивојевиќ осум гола ги предводеа домашните, на чии гол повторно блескаше Митревски со 12 одбрани (осум во второто полвреме). Најефикасен играч на Алкалоид беше Серафимов со осум гола.

На табелата Пелистер, Вардар и Алкалоид имаат по 34 бода. На мини табелата меѓу овие три тима Пелистер има гол разлика +5, Вардар 0, а Алкалоид -5.
Ова значи дека доколку во последните три кола овие три екипи ги забележат планираните победи, во плејофот Пелистер ќе влезе со три, а Вардар и Алкалоид со по два бода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели
Следна Статија Финансискиот свет се прашува дали Бафет се подготвува за пензија, собра рекордна сума на готовина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Норвешкиот олимпиец Аудун Гронволд загина од удар на гром

Поранешниот норвешки олимписки скијач Аудун Гронволд почина во 49. година од животот откако го погоди гром, соопшти Скијачкиот сојуз на…

July 18, 2025
СПОРТ

Aрсенал шампион по 22 години

 Фудбалерите на Арсенал се нови шампиони на Англија. На едно коло пред крајот за сезоната 2025/26 „Топчиите“ ја обезбедија шампионската…

May 20, 2026
СПОРТ

Носталгија: Како пред три децении Васил Рингов го матираше Динамо Букурешт

На социјалните мрежи се појави видео од мечот Динамо Букурешт-Вардр одгигран во 1985 година. Во тогашниот Куп на УЕФА во…

September 29, 2025
СПОРТ

Мурињо во шок: „Скандал, скандал, скандал, вакво нешто не сум видел во 25-годишната кариера“

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изрази видливо незадоволство од состојбата во турскиот шампионат. Скандал, скандал, скандал“, грмеше Мурињо на прес-конференцијата…

January 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?