Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јунакот од Палермо се повлекува од репрезентацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Јунакот од Палермо се повлекува од репрезентацијата
СПОРТ

Јунакот од Палермо се повлекува од репрезентацијата

Објавено March 29, 2026 15:39
Сподели
Сподели

Голот против Италија во Палермо ќе остане засекогаш запишан во фудбалската историја на македонскиот фудбал, а стрелецот Александар Трајковски по случувањата на дуелот со Данска реши да стави крај на репрезентативната кариера.

Во своето обраќање на социјалните мрежи напиша:

„Денес стојам пред вас со срце полно емоции … Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се опише со зборови. Да ја претставуваш својата земја, својот народ, своето семејство … Тоа е нешто што се чувствува, не се објаснува. Секој повик во репрезентацијата за мене беше како прв. Истата возбуда, истата трема, истата желба да дадам сè од себе. Секој натпревар беше битка, секој гол – момент кој ќе го носам во срцето засекогаш. Но повеќе од сè, ќе ги паметам луѓето,соиграчите кои станаа браќа, кои веруваа во мене и сите оние кои беа дел од ова патување.

Имаше и тешки моменти … Порази кои болеа, но и победи кои не учеа што значи вистинска радост. Во сите тие моменти, едно нешто никогаш не се промени – љубовта кон дресот и желбата да се даде максимумот за нашата земја. Сепак, во изминатиот период чувствувам дека мојот труд,и залагање не беа доволно вреднувани. Посебна благодарност до навивачите,вие бевте нашата сила кога беше најтешко, нашиот ветер во грб кога ни требаше најмногу.

Ова не е лесна одлука … Заминувањето боли, но истовремено носи и гордост. Гордост што имав чест да бидам дел од оваа репрезентација и да го носам овој дрес со срце. Репрезентацијата не е само тим – тоа е семејство.Ви благодарам на сите за довербата, поддршката и љубовта низ сите овие години. Ви благодарам што ми дозволивте да го живеам мојот сон.

Со крената глава и полно срце … Се повлекувам.“

Трајковски македонски репрезентативец беше од 2011 година одигра 98 натпревари во македонскиот дрес, а постигна 28 голови. Тој беше дел и од македонската репрезентација која учествуваше на Европското првенство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром ќе ги зголеми капацитетот и квалитетот на патувањата
Следна Статија Вака ќе изгледа новиот охридски аеродром (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Чурлинов пред денешнит меч: На секој дуел одиме на победа, така ќе биде и против Летонија

Најдобрата фудбалска репрезентација денеска од 18 часот игра пријателски натпревар против Летонија во Скопје. Избраниците на селекторот Благоја Милевски се…

November 13, 2025
СПОРТ

Бостон со извонредна партија на Тејтум, ја прекина победничката серија на Лејкерс (ВИДЕО)

Победничката серија на Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа нивните најголеми ривали и актуелни шампиони во НБА, Бостон Селтикс. Бостон им…

March 9, 2025
СПОРТ

Вардар ја победи Македонија ЃП: Црвено-црните се искачија на лидерската позиција

Фудбалерите на Вардар постигнаа нова победа откако вечерва во рамки на 5.коло ја совладаа Македонија ЃП со 1:0. Стрелец на…

September 13, 2025
СПОРТ

ВИДЕО I Нов трипл-дабл на Јокиќ, блескава партија на Дончиќ

Денвер нагетс на домашен терен ги победија Мемфис гризлис со 117-109, а најдобар стрелец беше Гордон со 33 поени. Сепак,…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?