Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пендаровски: ЕУ де факто ги смени критериумите за членство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пендаровски: ЕУ де факто ги смени критериумите за членство
ПОЛИТИКА

Пендаровски: ЕУ де факто ги смени критериумите за членство

Објавено April 8, 2026 18:03
Сподели
Сподели

Европската унија де факто ги смени критериумите за членство, оцени денес поранешниот претседател Стево Пендаровски во своето обраќање на дебатата „Навигација на европскиот пат: Можности и предизвици “, организирана во Скопје од претседателскиот кабинет и меѓународни организации. Според него од мировен ЕУ се обидува да стане безбедносен проект, аргументирајќи го тоа со актуелниот „моментум“ за проширувањето и фактот дека оддеднаш Украина и Молдавија застанаа на чело на редот.

„Проширувањето не функционира во последно време како процес базиран на критериуми туку како геополитички. ЕУ се претвора од мировен во безбедносен проект. Од Брисел сепак никогаш нема да кажат дека има нови критериуми за членство. Но, како е можно во Украина сега да прават толку реформи кога над 20 отсто од територијата им е окупирана и се во војна? И како Црна Гора и Албанија, според Брисел, последните три години наголемо се реформираат, а истото го правеа и претходно, а тоа не се регистрираше? “, отвори дилема Пендаровски, додавајќи дека ни во регионот не се прават реформите што требаат – а ЕУ ја врти главата заради геополитика.

Тој беше песимист и за случувањата натаму, оценувајќи дека ЕУ како сојуз на држави не ја продлабочува соработката внатре, ниту пак ги зголемува можностите да се гласа со квалификувано мнозинство , прогнозирајќи дека тоа никогаш нема ни да се случи. Регионот пак, рече тој, не напредува демократски туку назадува и постои нестабилност во однос на малцинските права. Сето тоа го доведе до поентата: Што ќе се случи ако завршши војната во Украина (во превод ако се смени геополитиката и исчезне потребата за стратешко засилување на ЕУ)? Попросто кажано, што ќе се случи ако исчезне моментумот?

„Ќе се вратат ли на „бизнисот како досега“ кон проширувањето“, сугерираше Пендаровски.

Тој не веруваше ни дека во овие надворешно-политички околности ЕУ треба и ќе стане воена сила и глобален играч префрлувајќи огромни ресурси од социјалните фондови кон одбраната. Според него, тоа нема да се случи бидејќи нема ЕУ „национален интерес“ и бидејќи тоа префрлање на ресурсите ќе го искористат опозицијата во земјите, а пред се бидејќи ЕУ ниту била замислена со таква улога, ниту има поддршка кај граѓаните во земјите членки за тоа.

„ЕУ негуваше политики и пристап на мека моќ, а „тешката моќ ја препушти на НАТО, каде што Вашингтон имаше главен збор, и на САД. Ако некој верува во ЕУ што сака да биде САД прави голема грешка, иако членките на Унијата вложуваат многу во зајакнување на воената инфраструктура, во безбедноста. Само Германија сега издвојува неколку милијарди евра во вој дел“, оцени Пендаровски.

Кристоф Бендер од Европскиот пакт за стабилност ЕСИ, пак, потсети дека ЕУ не барала да стане воена сила туку е принудена да ја јакне заедничката одбрана поради губењето на американската заштита. Според него за земјите од регионов и сега најдобар пат напред е членството во Унијата, но прашањето и натаму е како да дојдеме до него. Динамиката на приближување за повеќето земји во Западен Балкан , оцени тој, не е сменета и покрај моментумот и изјавите од европските лидери дека треба да има проширување, па ги наброја сите земји една по една како се заглавени на патот: Косово поради непризнавањето, Македонија поради блокадата за билатерални прашања, Србија поради внатрешните состојби, БИХ поради стагнацијата… Дури и за Албанија и Црна Гора тој не беше сигурен дека наскоро ќе станат членки, иако оцени дека ЕУ ќе прави се да ги вклучи.

Причината според него е тоа што не е можно да се биде дел од единствениот пазар на ЕУ, а да се нема владеење на правото.Тој нагласи исто така дека ЕУ не сака веќе внатре „тројански кољи“, т.е. земји кои ќе ја уценуваат поради што не очекува дека ќе има намалување на стандардите за влегување . Според него, за Западен Балкан ќе биде најголема предност ако се ослободат земјите од билатералните прашања и ако се бара консензус само за отворање и затворање на преговорите – т.с. само на почетокот и на крајот.

Иван Вујачиќ, поранешен српски амбасадор во САД, нагласи дека САД веќе не се тука да притискаат за проширувањето и дека ЕУ стана „последниот бастион за либералната демократија“ во светот и мора да го заштити тоа. Тој сметаше дека Брисел треба да се фокусира на својот регион место да дава изјави за изборите во Венецуела и слично и дека треба да ги засилува контактите меѓу луѓето тука и во Унијата на повеќе практични нивоа. Тој сметаше дека Србија уште пред десет години дигнала раце од евроинтеграцијата, но актуелното раководство не може тоа да им го каже на граѓаните, дека не им е гајле за членството, иако им е гајле на младите.Тој на крајот посочи и на парадоксот- колку повеќе поглавја се отвораат во преговорите, толку подолу сме во демократијата, а таа состојба во јавноста се поврзува со преговорите со Европската унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсени 11 лица по пукањето пред израелскиот конзулат во Истанбул
Следна Статија Венс: Мислевме дека ќе биде најлесно, но војната во Украина е најтешка за решавање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски за средба со Ахмети: Ќе има средба… некогаш

Премиерот Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ќе има тет-а-тет средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети која беше договорена…

January 28, 2026
ПОЛИТИКА

Oпштините Струмица и Карпош ќе ја напуштат ЗЕЛС

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Ова на својот фејсбук-профил го објави градоначалникот на Општина…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори

СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори. „Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието…

August 8, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ 6 : 1 во Петровец, Борче Митевски петти мандат

Кандидатот за градоначалник на општина Петровец, Борче Митевски, прогласи победа во првиот круг. Митевски вечерва го освои својот петти мандат.…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?