Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пенов: Во Советот ќе се борам, нема да молчам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пенов: Во Советот ќе се борам, нема да молчам
ПОЛИТИКА

Пенов: Во Советот ќе се борам, нема да молчам

Објавено October 21, 2025 13:30
Сподели
Сподели

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов (68) ќе биде советник во Советот на Град Скопје.

Пенов влезе во Советот како носител на советничката листа на коалицијата Искуство за успех на Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

Коалицијата освои 6.953 гласови (2,99%), доволни за едно советничко место.

„Драги скопјани,

Доколку можев, би ви се заблагодарил лично на секој еден од вас кој вчера го дадовте гласот за мене и листата која ја предводев. Влегувам во советот не за да преспијам четири години или да молчам, туку да се борам за подобро Скопје со решенија и проекти кои се надевам ќе бидат слушнати од останатите советници и новиот градоначалник, кој и да биде тој. Довербата која ја добив од вас е сила која ме обврзува да се залагам за нормализирање на ситуацијата во градот, да бидам разумот кој ќе поддржува добри проекти, но и кој ќе се спротивстави жестоко кога работите нема да одат во добар правец. Следете ме и уверете се дека вашиот глас завршил на право место, во човек кој нема да ве разочара и кој ќе биде вашиот глас во градскиот совет. Секогаш на ваша страна!“, порача Пенов на ФБ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Саркози од денес во затвор
Следна Статија Прва жена премиерка на Јапонија – сака хеви метал, свири тапани, се спротивставува на истополовите бракови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја критикуваше надворешната политика на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за надворешни…

July 5, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

На денешната собраниска комисија за политички систем, пратеникот Бране Петрушевски, се осврна на состојбата во судството. За истото има низа…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Центар е во сигурни раце, ќе ги исполнам сите ветувања

Центар го подигаме на ново, повисоко ниво. Продолжуваме да ја пишуваме нашата заедничка нова приказна. Вечер славиме, а од утре…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?