Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта
МАКЕДОНИЈА

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта

Објавено January 27, 2026 10:58
Сподели
Сподели

Петмина кандидати се пријавиле на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република  Македонија, што истече ноќеска на полноќ, но за да се затвори листата, се остава простор од 2-3 дена за евентуални пријави што навреме се пратени по пошта, а сè уште не се пристигнати, велат за МИА од собраниската прес-служба.

Од таму имињата на кандидатите не ги откриваат, но како што некои од пријавените и сами потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.

Судијата од Кривичниот суд, Савевски, и обвинителката Раичевиќ за МИА ја потврдија кандидатурата, а во изјава за медиумите потврдно одговорија и обвинителката Ристовска и в.д. државаната обвинителка Тополова-Исајловска.

Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Република Северна Македонија што го распиша Собранието досега ја потврди поранешниот претседател на Основниот суд Скопје, Владимир Панчевски. Во пријавата на Панчевски поднесена на 21 јануари до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител.

– Во прилог до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови утврдени во член 61 од Законот за Јавното обвинителство, како и докази за исполнување на посебните услови од член 62 став 1 алинеја 1 од овој Закон – се наведува во пријавата од Панчевски до Собранието.

Кандидатура за функцијата најави и поранешниот виш јавен обвинител на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулах, но сепак се откажал од намерата.

На местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, дојде обвинителката Тополова-Исајловска како в.д. државен јавен обвинител, која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.

Денеска, на последниот ден од огласот, од собраниската прес-служба изјавија дека до архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не споделија детали за тоа кои се подносителите.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Според Законот за Јавното обвинителство, добиените кандидатури се препраќаат до Владата. По пријавувањето, Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниеден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. Со 61 глас од пратениците ќе треба да биде избран новиот државен јавен обвинител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Самсунг акциите растат додека снабдувањето со NVIDIA AI чипови се приближува
Следна Статија Вертикозон заврши голема набавка од 20 милијарди долари со потенцијални влијанија врз дивидентите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Алиу: Го олеснуваме пристапот на пациентите до Клинички – обезбедивме 300 нови паркинг места за вработените

Како и што најавив, проблемите ќе ги решаваме со конкретни, издржани и применливи мерки. И денешниот ден го посветуваме токму…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Малтретирањето на земјите со вето ги уништува вредностите на ЕУ

Ако некој се осмели да малтретира некој друг што сака да се приклучи на клубот, зошто другите би молчеле?, праша…

November 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле точни информациите за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вчера добил информации дека во Уставиот суд била отпочната постапката за укинување на линеарното покачување…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кој е Зоран Башановиќ: ПР стратег на СДСМ, беше и советник на Заев

СДСМ да одговори, дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ? праша денеска ВМРО-ДПМНЕ. Куќниот…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?