Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрова: Граѓаните имаат се уште време да приложат докази за платен данок на доход во странство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Петрова: Граѓаните имаат се уште време да приложат докази за платен данок на доход во странство
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Граѓаните имаат се уште време да приложат докази за платен данок на доход во странство

Објавено January 5, 2026 13:29
Сподели
Сподели

Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а на кои сега им е дојдено даночно решение и од УЈП, имаат се уште време да ги приложат доказите до канцелариите на УЈП.

Петрова тврди дека не може да се изврши двојно одданочување, а доколку има случаи во кои граѓаните веќе го платиле данокот на доход во странство, а сега постапиле и по решението од УЈП, ќе бидат разгледани сите докази и ќе се изврши оданочување само на едно место.

– За оние кои платиле во странство и сега платиле во земјава, ќе бидат земени предвид сите докази. Зависно од меѓународниот договор – доколку со земјата имаме склучено меѓународен договор, каде треба да се плати данокот, а каде да се изврши поврат или доколку е возможно, платениот данок во странство да се прифати како даночен кредит, а за уплатата која е извршена овде да се изврши враќање или да се прифати за друг долг за следна година, појасни Петрова на денешната прес-конференција со министерката за финансии.

Вели дека како институција се свесни за реакциите на граѓаните, но додава дека морале да го почитуваат законот и да ги достават решенијата во законкиот рок, односно пет години по истекот на годината кокга доходот е остварен.

– Верувам дека одредени граѓани не стигнале да ги завршат активностите во однос на собирањето и доставувањето на доказите и тоа е разбиливо бидејќи се работи за пет години наназад, меѓутоа нашиот рок за завршување на постапката беше до 31 декември и тоа е законскиот рок. Имајќи предвид дека граѓаните мора да обезбедат докази за работа што се случила пред пет години, а доказите ги обезбедуваат од странски земји, ќе им овозможиме да го сторат тоа. Ги повикувам сите да ги достават доказите, ќе ги разгледаме и што може да се прифати, ќе прифатиме, рече Петрова.

Според Петрова, оваа активност на УЈП не била брза и изненадувачка, туку опсежна активност во која биле собрани податоците од банките, била направена опсежна анализа и околу 11.000 граѓани персонално биле повикани да го подмират данокот на доход.

За протестите на овие граѓани и за нивните најави дека ќе поднесат тужби пред Управниот суд, директорката на УЈП вели дека тоа се легитимни права на граѓаните.

– Тоа ниту можеме, ниту сакаме да ги спречиме граѓаните да поведат управен спор доколку имаат докази за тоа. Сепак, повикани се и кај нас да ги достават доказите за да видиме дали имаат платен данок во странство, рече Петрова.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, напомена дека не се работи за законска измена и дека граѓаните треба да ги знаат нивните обврски кон државата.

– Ние досега не сменивме ниту еден закон. Даночните обврзници треба да ги знаат законите и да ги почитуваат. КОга станува збор за потврдите за остварување на дохид во странство, секој од нас треба да знае дека кога го остварува доходот во странство, во исто време треба да обезбеди и потврда во годината во која го остварил со цел да го поднесе до Управата за јавни приходи односно во месецот. Што значи дека ова не е нова давачка која ние ја сменивме во Собранието. Станува збор за почоитување на законите, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Од 11.000 граѓани, утврден е данок за 6.600 граѓани за 2020 година. За останатите е коснтатирано дека доходот не подлежи на одданочување. Од овие 6.600 граѓани, 2.200 граѓани самите го имаат поднесено и платено данокот, а за 4.400 граѓани донесени се решенија по службена должност. Вкупно утврдениот данок е околу три милиони евра за 2020 година.

Најавите од УЈП се дека ќе се проверуваат и останатите години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ретката британска спортска кола што го инспирира Mazda Miata
Следна Статија САД ќе ја продолжат предноста во продуктивноста врз основа на АИ бумот, велат економисти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Досега префрлени 84 милиони евра од унгарскиот кредит кон Македонската развојна банка, голем е интересот кај компаниите

Вкупно 84 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кон Македонската развојна банка, а интересот кај компаниите е многу поголем…

April 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат

И во услови на епска, историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат, го плаќаме солидарниот…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Митева: Оперативниот план за вработување низ девет стратешки и добро темпирани мерки ќе допре до над 16.000 граѓани

Оперативниот план за вработување за 2025 година не е уште еден документ – тој е одговор на едно суштинско прашање:Како…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува цената на бензините

Од полноќ горивата ќе се точат по нови цени. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?