Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите

Објавено February 28, 2025 12:34
Сподели
Сподели

Исплатата на парите од услугата МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите тече континуирано, порача денска директорката на Управата а јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.

Нагласи дека прво треба да заврши обработката на кварталните даночните пријави кои се поднесени до 25 јануари по што почнува исплатата на средствата од МојДДВ.

Во самиот процес се случува граѓани да променуваат трансакциски сметки, а УЈП доставува групни налози до Трезорот. Често ни ги враќаат заради угасени сметки во самиот тек на поврат на средствата. Доколку и само еден граѓанин ја угасне сметката се враќаат налози за други 8.000 граѓани и тоа значи дека процесот треба да почне наново. Можеби затоа стигнавме до крајниот рок со реализацијата на услугата. Сепак, во секој случај граѓаните ќе ги добијат своите средства навреме, истакнаа од УЈП на денешната средба со новинарите.

За исплата на средства за МојДДВ, како што посочи, за изминатиот квартал се предвидени 870 милиони денари.

И за повратот на ДДВ за компаниите, директорката Петрова рече дека се реализира континуирано.

-Средствата за поврат на ДДВ се исплаќаат континуирано. Побарувањата за поврат на ДДВ, УЈП ги разгледува малку потемелно и прави подлабински контроли. Во моментов кога дојдов на оваа функција наследивме и неодобрени побарувања, но и одобрени, а не исплатени. Тие се ставени на препроверка, меѓутоа самите бројки покажуваат дека во континуитет се реализира повратот на ДДВ, оцени Петрова.

Нагласи дека повратот на ДДВ е динамична материја.

-До 25 февруари се поднесени нови даночни пријави што значи дека има и нови барања за поврат на ДДВ. До крајот на месецов, што значи до утре, како и до 15 март е законскиот рок да поднесуваат исправки на даночни пријави за 2024 година за друга група на корисници што значи дека и тука ќе настана промени – некои побарувања ќе бидат повлечени или намалени, ќе дојдат нови побарувања. Тоа е динамична материја, појасни Петрова.

За истрагата за поврат на ДДВ за „фантомските фирми“ посочи дека УЈП ги заврши инспекциските контроли.

-Записниците од контролите кај тие 10-тина компании се доставени до истражните органи, до Управата за финансиска полиција и до Јавното обвинителство. Вкупната сума на утврден непријавен и помалку платен данок во овие контроли изнесува околу четири милијарди денари, прецизира Петрова.

За повратот на ДДВ заостанат од претходната влада, рече дека се расчистува тековно освен за некои случаи за кои, додаде, можеби не се завршени контролите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трошел пари на шетања и ќефови: Кривична за поранешниот директор на ЦК „Григор Прличев“ од Охрид
Следна Статија Историско ниво, највисоки директни инвестиции од 1.255 милијарди за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Велковски: Со Оперативниот план сакаме да ги задржиме младите во Македонија, овде да ја градат својата иднина

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната трибина којшто се одржа во Владата во врска со…

May 31, 2025

Иднината на акциите е стабилна по новиот рекорд на Dow: Живи ажурирања

Технолошките акции пораснаа во понеделникот, градејќи врз нивното враќање во петокот и помагајќи го целокупниот пазар

February 11, 2026

Веризон го реши прекинот во услугата и ќе додели кредити на засегнатите корисници

Мобилниот оператор се извини за прекинот кој траеше околу 10 часа и ќе додели кредити на погодените корисници

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ќе растат сите плати во Македонија, а нема да растат функционерските плати

Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?