Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петровска: „Гордата дипломатија” на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл и доведе до проблематизирање на јазикот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петровска: „Гордата дипломатија” на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл и доведе до проблематизирање на јазикот
ПОЛИТИКА

Петровска: „Гордата дипломатија” на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл и доведе до проблематизирање на јазикот

Објавено July 1, 2025 11:33
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ треба да се запраша што правеше година дена, како тоа од водење на горда дипломатија и со наводно „исправена кичма”, се доведе во ситуација да пратеник од сестринска партија поднесе амандман со кој сака да го проблематизира македонскиот јазик, јазикот на оваа држава, на македонскиот народ, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Петровска нагласи дека СДСМ нема проблем со своите сестрински партии и претседателот на СДСМ на партиски настан кај социјалдемократите, лобираше во интерес на Македонија.

-Додека бевме власт гарантиравме дека идентитетот и јазикот ќе бидат нечепнати, дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт со својата самобендисана и арогантна политика и политика на карање со соседите и карање и спротиставување со членки на Европската Унија се доведе во ситуација јазикот и идентитетот да бидат повторно оспорувани, истакна Петровска, додавајќи дека Европската унија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет со официјални документи.

ВМРО-ДПМНЕ треба да размисли каква политика води и на каде ја тера Република Северна Македонија и по кој пат ја носи, додаде таа.

-Дали кон коалицирање и стратешки партнерства со Унгарија, а впрочем и во овој извештај многу убаво е наведено што мисли Европскиот парламент за партнерствата и соработката со Унгарија и ги смета за прокси на Русија и на Кина, рече Петровска.

Пратеничката Петровска нагласи дека од ВМРО-ДПМНЕ, на кое не му се бендисуваат уставните измени, ако не сакаат Бугарите да бидат признаени како малцинство и разграничени, со што се побива онаа теза дека ние и Бугарите сме еден народ поделени во две држави, се очекува јасен план што треба да направи за да се откочи процесот на пристапување кон Европската Унија.

Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со ваквата политика тогаш е многу извесно дека нашите позиции за една година од сега ќе бидат уште пострашни и уште полоши, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КОНТРОВЕРЗНИ СТАВОВИ: Да се убиваат мигранти на граница е во ред, смета новопоставениот грчки министер за миграција
Следна Статија Рама од Скопје : Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Костова: СДСМ е подготвен за предвремени парламентарни избори по локалните во октомври

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен да излезе на предвремени парламентарни избори доколку таква можност се отвори по локалните избори…

August 22, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара оставка од директорката на ГАК поради смрт на новороденче

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство веднаш да поднесе оставка, побараа денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) по…

December 16, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци наместо затворски добиле пониски казни

Јавноста е шокирана од настојувањето на Кривичниот суд да ја оправда својата одлука со која лице, кај кое биле пронајдени…

February 1, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Бетмен против ЕУ

СДСМ со жалење констатира дека пропагандата на ВМРО и нивните агенти на социјалните мрежи и телевизии продолжува со истата доза…

January 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?