Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пет кандидати на интервју за член на ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пет кандидати на интервју за член на ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Пет кандидати на интервју за член на ДКСК

Објавено May 5, 2026 17:53
Сподели
Сподели

Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа седница на која спроведе интервјуа со пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Седницата ја отвори Ѓорѓија Сајкоски, претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а со неа понатаму раководеше претседателот на Комисијата за селекција, Игор Здравковски.

Кандидатите Катерина Зајковска, Марија Катралова-Китанов, Владимир Клековски, Тања Левајковиќ и Милка Муратовска ги изложија своите ставови и визии пред членовите на Комисијата, како и пред заинтересираната јавност.

Пратениците, претставниците на невладините организации и институциите имаа можност непосредно да поставуваат прашања во врска со нивното досегашно професионално искуство, нивните идни планови како членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и прашања од областа на спречувањето на корупцијата.

По завршувањето на интервјуата со сите кандидати, претседателот на Комисијата информираше дека во рок од три дена Комисијата за селекција ќе изготви ранг-листа на кандидати. Врз основа на истата, Комисијата за прашања на изборите и именувањата во рок од два дена ќе достави предлог за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата до Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна Владата во Романија: Парламентот изгласа недоверба
Следна Статија Филипче: Банкротот тропа на врата, за две години Владата ја задолжи државата за нови 2,3 милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мицкоски: Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме

Денеска овде во Будимпешта во присуство на европската политичка заедница имавме навистина квалитетен работен ден којшто изобилуваше со многу работни…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните протестираат пред „Силбо“, бараат правда за Фросина Кулакова

Стотици граѓани денеска излегоа на протест на булеварот „Паризански одреди“ во Скопје, кај „Силбо“ изразувајќи го своето незадоволство за сообраќајната…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група

Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат откако ќе биде направена стручна анализа од работна група.…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства

По 150 000 денари како првична финансиска помош ќе бидат префрлени за секое семејство на настраданите во пожарот во Кочани.…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?