Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пет лица се осомничени за злоупотреба на службена положба – нанесена штета на буџетот во висина од околу 780.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пет лица се осомничени за злоупотреба на службена положба – нанесена штета на буџетот во висина од околу 780.000 евра
ХРОНИКА

Пет лица се осомничени за злоупотреба на службена положба – нанесена штета на буџетот во висина од околу 780.000 евра

Објавено November 25, 2025 11:12
Сподели
Сподели

ОСОСК, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, денеска (25.11.2025) спроведе претреси во домови и деловни простории на повеќе локации во Скопје, Куманово и Тетово, поради сомневања за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ во периодот 2021–2022 година.

Според првичните информации, предмет на истрагата се овластени службени лица од Агенцијата за стокови резерви, АГРО Берза, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и ангажирано вешто лице. Претресите биле спроведени за прибирање докази кои ќе послужат во понатамошната постапка.

Од досега утврденото, осомничените со неизвршување на службените должности овозможиле да биде извршен отпис на 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од државните стокови резерви, со што била нанесена штета на буџетот во висина од околу 780.000 евра.

За кривичното дело се осомничени:

Н.Р. – службено лице, раководител во Агенцијата за стокови резерви – Скопје, осомничен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Р. А. – директор на Агенцијата за стокови резерви – Скопје, осомничен за истото кривично дело по член 353 од КЗ.

Т.К. – раководител во Агенцијата за стокови резерви – Скопје, осомничен по член 353 од КЗ.

Т.Д. – поранешен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, осомничен за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4 од КЗ.

М.П. – вешто лице при Бирото за процена од областа на земјоделството, осомничен за кривично дело по член 353 став 4 од КЗ.

Истражните активности продолжуваат, а прибраните докази ќе бидат дел од понатамошната постапка што ја води ОЈО Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагичен напад во Пешавар: Шест лица загинаа во самоубиствен напад
Следна Статија Џejmс Камерон и Bili Eiliš во епски 3D музички филм

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

September 3, 2025
ХРОНИКА

На гробиштата во Ѓорче Петров се степале за паркинг

На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров…

January 25, 2026
ХРОНИКА

Ненадејно почина екс градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски

Поранешниот градоначалник на Крива Паланка Борјанчо Мицевски почина на 53 години. Тој беше градоначалник на општината од 2017-2021 година.Веста ја…

November 24, 2024
ХРОНИКА

Скопјанка нападната од сопругот

Денеска (11.02.2025) во 01:00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од скопско село, пријавила дека на 10.02.2025 во семејниот дом…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?