Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Буџетот на МВР оштетен за 3.000 евра од вработена во Центарот за обука за полицајци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Буџетот на МВР оштетен за 3.000 евра од вработена во Центарот за обука за полицајци
ХРОНИКА

Буџетот на МВР оштетен за 3.000 евра од вработена во Центарот за обука за полицајци

Објавено November 14, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Пријавената С.Т. – на работното место помошник на министерот во Центарот за обука на МВР, во периодот од септември до октомври 2023 година, постапила несовесно во вршење на своите должности и овластувања, на тој начин што на лица со кои министерството имало склучено договор за основна обука за полицаец (генерација 2023/2024) им овозможила да продолжат со основната обука и покрај тоа што им бил откажан договорот за основна обука поради тоа што не ги освоиле потребните бодови за продолжување на обуката во друг модул.

Пријавената самоволно и незаконски им овозможила да ја продолжат обуката на начин што им биле прифатени поднесените приговори, им било извршено ретестирање спротивно на подзаконските прописи што ја регулираат предметната материја и им овозможила да засноваат работен однос во министерството и покрај тоа што во договорот била предвидена одреба согласно која во случај на спор постапувањето е во надлежност на судот.

Со тоа што им овозможила на кандидатите за полицаец понатамошно право на обука, престој и исхрана во Центарот за обука во МВР, таа го оштетила буџетот на МВР во вкупен износ од 189.777 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изрече задолжителни мерки да се преиспита основаноста на склучените договори за работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализирано
Следна Статија Димитриеска – Кочоска: Штетите кои ги предизвика СДС во министерство за финансии се огромни, ќе следува ревизија и одговорност од чинителите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тинејџер загина во тешка сообраќајка во Чаир

Осумнаесетгодишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Адем Демачи“ во Скопје, соопшти Министерството за…

March 14, 2026

Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра

Осумнаесет килограми злато вредно околу 1,8 милиони евра украле четворица маскирани и вооружени разбојници синоќа во „филмскиот грабеж“ на златарница…

October 11, 2025
ХРОНИКА

На земјиштето позади поликлиниката Бит пазар, поставил рампа и наплаќал паркинг: Обвинителството поднесе обвинение

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно…

December 4, 2024
ХРОНИКА

Затвореник истепал полицаец во КПУ „Идризово“

На 13.01.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот В.М.…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?