Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска – Кочоска: Штетите кои ги предизвика СДС во министерство за финансии се огромни, ќе следува ревизија и одговорност од чинителите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска – Кочоска: Штетите кои ги предизвика СДС во министерство за финансии се огромни, ќе следува ревизија и одговорност од чинителите
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска – Кочоска: Штетите кои ги предизвика СДС во министерство за финансии се огромни, ќе следува ревизија и одговорност од чинителите

Објавено November 14, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Растот на приходите поради борба со корупција и криминал, предмети кои во скоро време ќе почнат да излегуваат каде што точно се гледа колку штети има на буџетот. Буџетот на Владата е зголемен точно заради колегата Фатмир Битиќи којшто потпишуваше договори за инвестиции и поддршка на инвестиции на приватен сектор за којшто исто така има предмети и ревизии – изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на денешната Комисија за финансирање и буџет.

Димитриеска Кочоска посочи дека и покрај тоа што СДС го уништеле ЕСМ и им служело како основ за да може да ги наполнат сопствените џебови, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е пример за домаќинско работење и коректор на лошите политики од минатото.

И за сметка на тоа што ЕСМ го уништувавте и крадевте, ние сега напротив имаме многу подомаќинско работење и тие проекти ќе одат од таму, тие не се дел од буџетот, требало да ви кажат дека не влегуваат во буџетот, тоа се акционерски друштва коишто немаат врска со буџетот. А во однос на квалитетот на воздух, да не се грижите. Министерството за животна средина има уште еден цел буџет во делот на сопствени приходи и тоа се прави со проширување на буџет во тековна година – децидна беше Димитриеска – Кочоска.

Исто така таа додаде дека веќе предвидени се доволно средства за реализација на серија активности. Димитриеска – Кочоска особено го истакна и делот на исплатата и пресметката во однос на активните и пасивните саати којашто се вршела кон докторите. Напомена дека ваквиот случај е предмет на ревизија кој дополнително ќе се разгледува и дискутира.

Ќе има проекти, ќе се прошируваат и има доволно средства за реализација на истото. А во однос на платите на докторите она што регуларно сте го направиле неспорно е, меѓутоа во однос на активните и пасивните саати и начинот на пресметка тоа е предмет на ревизија исто така што ќе се дискутира – заклучи Димитриеска – Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Буџетот на МВР оштетен за 3.000 евра од вработена во Центарот за обука за полицајци
Следна Статија Раде Штекли објави најнова фотографија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата преговара за стратешките хидроелектрани Чебрен и Галиште

Премиерот Христијан Мицкоски на одговор за финансискиот плат за чист воздух, посочи дека се обезбедени финансии за проектите на владата,…

May 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Со „училишната кошничка“ заштедени меѓу 750 и 2 000 денари по ученик

Заштеда од 750 до 2 000 денари по ученик од семејство овозможи т.н. училишна кошничка која заврши на 20-ти овој…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

На четири ланци маркети им се закануваат казни во висина од неколку милиони евра

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откри дека четири ланци маркети картелски се здружиле за да влијаат на цените во…

February 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прва жена машиновозач почна да работи во МЖ Транспорт

Зорица Божинова, првата жена со лиценца за машиновозач во Р. Македонија🇲🇰 од денес и официјално вработена во МЖ Транспорт Нека…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?