Бизнисменот Антони Пешев, преку објава на својот фејсбук профил, сведочи дека Скопје никогаш не било понечисто!
– Живеам во Скопје повеќе од 60 години и досега никогаш не сум го доживеал ова. Градот се гуши во ѓубре, нечист е гнасен. Не изедоа бубашваби и болви, особено по подрумите. Никогаш немало ваква наезда на глувци и штакори, како да сме дел од некој хорор филм. Скопје го живееше и го живее, по мене, најтешкиот период, барем колку јас паметам, а паметам доста. Арам да им е на сите кои ова го направија, а ќе ги откриеме многу скоро се надевам. Ние жителите на овој град многу паметиме, а кармата и срамот траат многу долго, имињата ќе останат години како синоними за срам и арам… – наведува тој во својата фејсбук објава.
На неговата објава се надоврза друга скопјанка која посведочи за појавата на штетници-инсекти.
– Живеам во Градски ѕид. Пред некој ден во лифт влегувам јас и мајка со девојченце од две-три години. Наеднаш малечката почна да плаче, да вреска и се фрли кон мајка и’. Кога гледам: огромна бубашваба си шета во лифтот. Ја смачкав со нога, извадив од џебот влажно марамче, ја собрав бубашвабата и дома го фрлив марамчето во кесата со смет, коментира оваа скопјанка.