Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пијан се заканувал на жената, па го тепал својот татко- уапсен насилник во Демир Капија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пијан се заканувал на жената, па го тепал својот татко- уапсен насилник во Демир Капија
ХРОНИКА

Пијан се заканувал на жената, па го тепал својот татко- уапсен насилник во Демир Капија

Објавено February 10, 2026 19:47
Сподели
Сподели

Жител на демиркаписко село на 29-годишна возраст, обвинет за закани кон сопругата, напад врз неговиот татко и возење во алкохолизирана состојба, е приведен вчера од полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија, соопшти Секторот за внатрешни работи – Велес.

„Претходно било пријавено дека тој на социјална мрежа ѝ се заканувал на неговата 26-годишна сопруга, а потоа во домот се заканувал со остар предмет на неговиот 54-годишен татко и го нападнал со тврд предмет. По преземени мерки, на улица „Партизанска“ во Демир Капија, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со демиркаписки регистарски ознаки, што го управувал, при што било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта. Лицето било задржано во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи – Неготино и по решение од Основен суд – Неготино му биле изречени мерки отстранување од домот и забрана за приближување“ – соопшти СВР – Велес.

Во соопштението се додава дека по целосно документирање на настаните, против приведениот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се затвораат административните прашања- ќе се уредува паркинот на Клинички
Следна Статија Јаневска: Новиот закон не ја чепка автономноста на универзитетите, но имаат обврска за отчетност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полицаец осомничен дека крадел струја

Полициското одделение Матејче поднесе кривична пријава против свој вработен кој го сомничи дека крадел електрична енергија. – Одделот за внатрешна…

April 30, 2025
ХРОНИКА

Починато лице пронајдено во близина на пожар

Од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка денеска во близина на пожар во с. Лозаново, кривопаланечко било пронајдено…

July 9, 2025
ХРОНИКА

МВР: Во Белград лишен од слобода Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега

На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов…

February 12, 2026
ХРОНИКА

Две малолетнички паднале од електричен тротинет и тешко се повредиле

Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила…

November 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?