Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пленковиќ по средбата со Мицкоски во Брисел: Македонија заслужува јасна ЕУ перспектива
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пленковиќ по средбата со Мицкоски во Брисел: Македонија заслужува јасна ЕУ перспектива
МАКЕДОНИЈА

Пленковиќ по средбата со Мицкоски во Брисел: Македонија заслужува јасна ЕУ перспектива

Објавено March 19, 2026 10:36
Сподели
Сподели

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел.

Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања.

-Мило ми е што се сретнав со премиерот на Македонија во Брисел. Разменивме мислења за геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, како и за мерките што ги преземаат двете влади за борба против порастот на цените на енергентите. Хрватска ќе продолжи да ја поддржувa Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива, напиша Пленковиќ.

Тој и Мицкоски учествуваат на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија во Брисел, во чии рамки треба да се одржи и самит на лидери.

Мицкоски, синоќа, на својот фејсбук-профил, информира за средбата со хрватскиот колега, нагласувајќи дека актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива биле во фокусот на разговорите.

-На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамки на европското семејство, наведе Мицкоски.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој со партиска делегација е во Брисел, до 20 март ќе присуствува на Конгресот на Европската народна партија, на кој се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светскиот капитал од Дубаи се сели во Сингапур, дали и македонските бизнисмени ќе мораат да ги префрлаат инвестициите?
Следна Статија Цените на нафтата пораснаа на 114 долари за барел, гасот поскапе за 30 отсто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во дипломатска офанзива во Минхен и во Вашингтон

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, тргнува во речиси целонеделна дипломатска офанзива во Минхен, Германија, и во Вашингтон, САД. Во Минхен…

February 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Eрдоган доаѓа во Македонија

Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој…

March 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Политика, мито и корупција има позади пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

До 17 часот гласале 39,28% од избирачите

На ниво на држава, до 17 часот излезеноста е 39,28 проценти односно вклупно гласале 279.241 гласач од 96,94 проценти на…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?