Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Eрдоган доаѓа во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Eрдоган доаѓа во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Eрдоган доаѓа во Македонија

Објавено March 4, 2026 14:43
Сподели
Сподели

Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје – истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на македонското Собрание одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, а во врска со билатералните односи меѓу двете земји.

Премиерот Мицкоски потсети дека договорот за соработка со Турција не беше потпишан долго време, а се потпиша со доаѓањето на оваа Влада.

– Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје. Претпоставувам таа посета ќе се реализира, во моментот не можам да кажам точно кога и како, но знам дека Турција има исклучително одличен амбасадор во Скопје, димпломат од висок ков, со кого имаме одлична соработка и тој придонесе за уште поблиските односи меѓу двете земји. Убеден сум дека до оваа прва средба ќе дојде многу бргу и ќе ја имаме таа можност, но и чест, претседателот Реџеп Таип Ердоган да го пречекаме во Скопје – истакна премиерот Мицкоски.

Со потпишувањето на договорот за проширување на билатералната соработка во овој период интензивирани се партнерства на повеќе полиња – посочи премиерот Мицкоски.

– Потпишавме договор за проширување на билатералната соработка со Турција, нешто што претставува наша стратешка цел и во рамките на тоа партнерство контактите се засилени и повеќето од компаниите што доаѓаат кај нас или потенцијални инвеститори од Турција во Македонија веќе се прифатени од институциите и ги почнуваат своите инвестиции или се во фаза на почеток да ги реализираат. Договорот не беше потпишан долго време, а се потпиша до доаѓањето на оваа Влада и во рамките на договорот се интензивира соработката на полето на одбраната. Министерството за одбрана и Армијата со соодветните институции на владата на Турција соработуваат, непосредно вршиме набавка на одбранбени системи, истовремено обучуваме кадри и во таа смисла мислам дека со доаѓањето на оваа Влада во голема мера се интензивира билатералната соработка меѓу двете држави. За мене, главен интерес е малку да се коригира нивото на трговската размена бидејќи Република Турција има голем суфицит во размената со Македонија, односно многу повеќе извезува во Македонија отколку што Македонија извезува во Турција. Убеден сум дека македонските производи може да бидат конкурентни на турскиот пазар, убеден сум дека како наш стратешки партнер Турција ќе овозможи слободен пристап на македонските компании на турскиот пазар и убеден сум дека некои од постојните бариери што сега постојат многу бргу ќе бидат неутрализирани, односно избришани, и македонските производители, особено во делот на земјоделството, фармацијата и другите гранки, ќе може да најдат свое место на турскиот пазар и на тој начин овој дебаланс во размената, каде што Турција има голем суфицит, ќе биде нивелиран – нагласи премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија What to Expect From Apple’s Big Week: iPhone 17e, Low-Cost MacBook, New iPads, and More – MacRumors
Следна Статија OpenAI Raises $110 Billion as It Races Toward IPO – WSJ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со 56,1 милиони франци, Швајцарија ја потврдува поддршката за развој на нашата држава

Со нашиот долгогодишен партнер – Швајцарија, ја одбележуваже новата Швајцарска програма за соработка со Македонија за периодот 2025–2028. Премиерот Мицкоски…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шилегов денеска ќе каже кој во СДСМ е по психотропните супстанци

Петре Шилегов во живо на телевизиска емисија дозна дека ќе биде исклучен од членство во СДСМ поради тоа што рече…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување,…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Вашингтон на важни состаноци пред инаугурацијата на Трамп

Директно од аеродром на состанок, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи Во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?