Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повремени врнежи од дожд, попладне од снег
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Повремени врнежи од дожд, попладне од снег
МАКЕДОНИЈА

Повремени врнежи од дожд, попладне од снег

Објавено January 10, 2026 09:34
Сподели
Сподели

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има локални врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник. Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени Целзиусови, а дневните ќе се задржат под нулата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Следна Статија Џонсон и Џонсон постигнува договор за намалување на цените на лекови во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Во текот на денешната работна посета на општина Кавадарци, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања се осврна на зголемувањето…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево

Жителите на пелагонискиот регион втор ден го блокираа регионалниот пат Прилеп-Крушево, во знак на протест поради најавите дека ќе почне…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави консултации за реформи во Судскиот совет следната недела

Во текот на следната недела ќе започне процесот на темелна реформа на Републичкиот судски совет, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Во странство испратени 51 пациент, ќе заминат уште дваесетина повредени од пожарот во Кочани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска соопшти дека 51 лице од повредените во пожарот во Кочани…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?