Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повторена пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки-13 осуден на пет години затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Повторена пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки-13 осуден на пет години затвор
ХРОНИКА

Повторена пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки-13 осуден на пет години затвор

Објавено October 13, 2025 13:58
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд во Скопје донесе нова пресуда во повторената постапка за случајот „Меѓународен сојуз“, со која беа изречени намалени казни за обвинетите во споредба со првостепената од 2022 година.

Во повторената постапка, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки-13 е прогласен за виновен за „измама“ и „перење пари“, за што му е изречена единствена казна затвор во траење од пет години.

Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор за „перење пари“, при што во казната се засметува времето поминато во куќен притвор.

Христина Блажевска доби условна казна затвор од една година за „перење пари“, која нема да се изврши доколку во рок од 3 години не стори ново кривично дело.

Миле Јовановски е осуден на условна казна затвор од една година и шест месеци за „перење пари“, со ист услов за неизвршување.

Правното лице „Меѓународен сојуз“ е казнето со парична казна од еден милион денари.

Со првостепената пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“ која беше донесена на 7 април 2022 година од Основниот кривичен суд беа изречени вкупно 14 години затвор за обвинетите. Бојан Јовановски доби казна од девет години за „измама“ и „перење пари“, Јасна Ерцеговиќ четири години за истите дела, Христина Блажевска една година за „перење пари“, а Миле Јовановски две години условна казна за „перење пари“ и „неовластено тргување со оружје“. Фросина Ташевска Ременски и Христина Блажевска беа ослободени од обвинението за „измама“, а правното лице „Меѓународен сојуз“ беше казнето со еден милион денари.

Во април 2024 година, првичната пресуда беше укината од Апелациониот суд Скопје кој уважи дел од жалбите на обвинетите и наложи повторување на постапката.

Апелациониот суд тогаш ја потврди ослободителната одлука за Фросина Ташевска Ременски и Христина Блажевска во делот за „измама“, а ја преиначи казната за Миле Јовановски, кој сега е осуден на една година затвор за „неовластено тргување со оружје“.

Предметот „Меѓународен сојуз“ се однесуваше на организирана криминална активност поврзана со измама и перење пари преку невладината организација „Меѓународен сојуз“, предводена од Бојан Јовановски. Обвинението се однесуваше за финансиски злоупотреби, при што се прибирале средства од физички и правни лица под изговор за изградба на старечки домови и социјални проекти.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лекарска комора: Д-р Кузмановски нема активна лиценца за работа, има поднесено барање за нејзино продолжување
Следна Статија Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Изврши убиство по филмска брканица низ Скопје: Кој е Ацо Боцевски – Циганот, уапсен во Грција по 27 години бегство

Во јавноста како бомба одекна веста дека в Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, македонски дрзхавјанин кој…

May 26, 2025
ХРОНИКА

Измама во Тетово: лекар и адвокати фалсификувале медицински извештаи за да наплатат осигурување

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против И.Б.(52) – лекар во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба…

December 13, 2024
ХРОНИКА

Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6…

July 17, 2025
ХРОНИКА

Пиштол и куршуми пронајдени при претрес во домот на 23 годишно момче од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?