Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра

Објавено July 4, 2025 13:38
Сподели
Сподели

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште едно лице, кои се осомничени за примање поткуп од 20.000 евра за да сместат болно лице во установата.

Директорот е обвинет дека сторил кривично дело – примање поткуп, а второобвинетиот се товари дека сторил кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.

„Првообвинетиот за болнички прием на лице во тешка здравствена состојба, од сведок – давател на доживотна издршка на лицето, директно побарал поголема имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морало да го изврши. Второобвинетиот директно ја примил таквата корист за првообвинетиот за да со искористување на своето реално влијание интервенира да се изврши службеното дејствие што морало да се изврши од првообвинетиот. При примање на дел од договорената сума во износ од 20.000 евра, второобвинетиот бил фатен на лице место од страна на полицијата“, соопшти Обвинителството.

Со Обвинителниот акт е доставен и предлог да се продолжи определената и продолжувана мерка притвор спрема двајцата обвинети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети
Следна Статија Мицкоски: Нашата борба е да го направиме животот овде вреден, да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Претепан доставувач на храна во центарот на Скопје – причината банална

На 24.10.2025 во 23:40 часот во СВР Скопје, М.Г.(37) од Скопје пријавил дека на 22.10.2025 околу 16:30 часот пред станбена…

October 26, 2025
ХРОНИКА

„Цитроенот“ застанал пред зградата на Вања и три дена пред да биде киднапирана

Групата која ја киднапираше Вања Ѓорчевска на 27.11.2023 година се обидела тоа да го стори и три дена претходно. Нејасно…

January 20, 2025
ХРОНИКА

Жена прегазена во Кисела Вода, пренесена на Клинички

На 24.09.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, пред крстосница со ул.„Христо Татарчев“ во…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Двегодишно дете од Битола пренесено на Клинички во Скопје – било нападнато од кучиња скитници

На 06.02.2026 во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај…

February 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?