Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесено обвинение против мотоциклистот кој го усмрти Југослав Николовски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поднесено обвинение против мотоциклистот кој го усмрти Југослав Николовски
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против мотоциклистот кој го усмрти Југослав Николовски

Објавено July 30, 2025 14:26
Сподели
Сподели

По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 1 јули годинава, во вечерните часови, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, наменета исклучиво за движење на пешаци. Моторот го управувал без воопшто да поседува возачка дозвола и спротивно на сообраќајните прописи, без да ја прилагоди брзината на движење. Имено, иако брзината на движење на моторот била 35 километри на час, што е помала од максимално дозволената на пат во населено место, сепак на наведената локација таа била поголема од безбедна брзина, имајќи предвид дека станува збор за пешачка патека на која моторот можел единствено да го турка, а не и да го вози. Затоа не успеал навреме да запре и удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, роден 1957 година. При ударот, пешакот и сопатникот на моторот се здобиле со телесни повреди, а обвинетиот го оставил моторот и без да им укаже помош избегал од местото на несреќата. Повредениот пешак со тешки телесни повреди бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје каде починал, додека сопатникот на моторот се здобил со телесни повреди.

Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките
Следна Статија Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Фатон Нури кој на пешачка патека го усмрти пензионерот Југослав Николовски призна вина, ќе се брани за неукажување помош

Возачот на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на…

October 10, 2025
ХРОНИКА

Полицијата трага по Гоце Трајковски – клучниот сведок во случајот со убиството на Вања

Во Кривичен суд продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со испитување на сведоци. Еден од сведоците…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Скопјанка нападната и ограбена од поранешниот партнер додека била на работното место

Денеска (01.09.2025) во 03:00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 31.08.2025 околу 22:50 часот на…

September 1, 2025
ХРОНИКА

Денеска последен поздрав од поетот, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски

На 58 годишна возраст, вчера почина Тихомир Јанчовски, поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги. Последниот…

January 31, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?