Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесено обвинение против Филип Андов -Сокол, директорот на СДСМ на затворот „Шутка“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поднесено обвинение против Филип Андов -Сокол, директорот на СДСМ на затворот „Шутка“
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против Филип Андов -Сокол, директорот на СДСМ на затворот „Шутка“

Објавено July 8, 2025 12:37
Сподели
Сподели

Осум вработени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Шуто Оризари се соочуваат со обвиненија за тешка злоупотреба на службената положба, откако Јавното обвинителство денеска поднесе обвинителен предлог против нив.

Во фокусот на случајот е поранешниот директор на затворот, Филип Андов – Сокол, кој заедно со двајца полициски службеници, според обвинителството, сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, додека петмина други затворски полицајци се гонат за „Несовесно работење во службата“.

Истражните органи утврдиле дека во периодот од март до јули 2024, обвинетите на петмина осуденици им овозможувале недозволени поволности, вклучително и излегување од затворот до нивните домови или на приватни локации, спротивно на сите законски процедури.

„Во овие дејствија се гледа јасна умисла и координација. Овие службени лица свесно ги прекршиле правилата и со тоа го нарушиле угледот и безбедноста на затворската установа“, се наведува во обвинителниот предлог од Специјализираното одделение за гонење на дела сторени од лица со полициски овластувања.

Оваа постапка следи по полициската акција од 20 февруари 2025 година, кога МВР приведе десет лица по извршени контроли на Управата за извршување санкции. Тогаш, покрај Андов, беше уапсен и затворскиот полицаец С.К., под сомнение за овозможување бегство на лице лишено од слобода.

Истата вечер, Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерки за претпазливост за сите десетмина. Тие вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште, обврска за редовно јавување во судот, привремено одземање на пасошите и забрана за контакт со одредени лица.

За две лица постапката беше прекината поради недостаток на докази.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир
Следна Статија Мицкоски: Голем број европратеници нема да го гласаат амандманот со кој се брише македонски идентитет и македонски јазик од Извештајот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште…

July 4, 2025
ХРОНИКА

Криминал тежок над 7 милиони евра: Финансиска утрово врши претреси на неколку локации во Македонија

Во раните утрински часови екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, Куманово и Желино,…

August 25, 2025
ХРОНИКА

Приведена штипјанка, со тврд предмет го нападнала својот татко

На 15.02.2025 во 16:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода И.К.(36) од Штип, по…

February 16, 2025
ХРОНИКА

Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат, утеха ни на небо ни на земја: Таткото на Фросина се простува од неа

Мирен собир е закажан за денеска во 15 часот во Неготино, во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова која…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?