Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поевтинуваат горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поевтинуваат горивата
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Објавено March 10, 2025 12:20
Сподели
Сподели

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на бензините се намалува од половина до еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 отсто. 

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за два денара и ќе чинат 70, односно 69,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за еден, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар така што ќе се продаваат за 76,5, односно за 74,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,240 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,261 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 51,432 отсто, кај дизелот за 4,044, кај екстра лесното масло за 3,960 и кај мазутот за 2,791 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спектакуларен гол во македонското првенство- Стојановски погоди од половина терен (ВИДЕО)
Следна Статија На ред за бојкот е „Лидл“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кампања на владата – купувај домашни земјоделски производи

Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Поддршка за поднесување на ДДВ-04 пријави, рокот е до 25 април

Управата за јавни приходи како одговор на барањата на сметководителите и даночните обврзници презема активности со цел обезбедување поддршка за…

April 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст на реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 година

Висок 179,7% раст на реализација на капитални инвестиции е остварен во првите два месеца од оваа година. Согласно податоците за…

March 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија Пат е во многу лоша состојба – после избори ќе го реконструираме претпријатието

Планираме целосна реконструкција на Јавното претпријатие “Македонија пат” веднаш по изборите. Претпријатието има наследени милионски долгови и потребно е итно…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?