Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожарникарите кога влегле во „Пулс“: Извлекувавме тела, паднати имаше и на скалите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пожарникарите кога влегле во „Пулс“: Извлекувавме тела, паднати имаше и на скалите
ХРОНИКА

Пожарникарите кога влегле во „Пулс“: Извлекувавме тела, паднати имаше и на скалите

Објавено February 5, 2026 12:29
Сподели
Сподели

Противпожарниот тим дојавата за пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја примил во 2:35 часот, а бил изгаснат околу 4 часот. Пожарникарот Благој Паунов, кој со уште еден колега пристигнале како прво противпожарно возило, на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше дека кога пристигнале на местото на настанот пет минути по дојавата имало многу заглавени лица и само малку чад како излегува од над влезната врата, и не можеле да го видат огнот, по што согласно процедура започнале да ги извлекуваат, нагласувајќи дека работеле во мешани тимови од пожарникари, полицајци, обезбедување и цивили, бидејќи секој сам ништо не можел да направи, а за извлекување на едно лице биле потребни најмалку двајца или тројца.

Паунов кој бил дежурен таа вечер, изјави пред судот дека дојава за пожарот примиле во 2:35 часот, по што за пет минути биле на местото на настанот како прво возило со колегата Дејан Георгиев, и почнале со извлекување на заглавените лица во дискотеката. Потоа како второ возило пристигнал и сменскиот командир и уште еден колега, а по нив и останатите колеги со уште две возила.

-По пристигнување на местото бевме упатени од полициски службеници и ни направија место да се паркираме непосредно до дискотеката. Кога излеговме, на самиот паркинг имаше многу луѓе, од кои и доста паднати. Паднати имаше и на скалите, а на влезната врата имаше и заглавени повеќе лица кои бараа помош, изјави пожарникарот Паунов.

Кога пристигнавме на местото, вели, имаше само малку чад како излегува од влезната врата, ние не можевме да го видиме огнот. Од искуство мислам дека бил пригушен и поради немање кислород не можел да се шири огнот.

– Но нашата стандардна процедура е најголем приоритет спасување човечки животи. Ние не гледавме пламен, моравме да ги извадиме лицата. И кога дојде и вториот тим и тие извлекуваа прво, зошто не можеа да пуштат линија. Веднаш пристапивме кон извлекување на лицата заглавени на влезната врата. Кога извадивме едно лице моравме да побараме помош од полицијата и двете лица од обезбедувањето и цивилни лица. И така во мешовити тимови почнавме да ги извлекуваме децата. Послабите полесно, а покрупните потешко и секој различно реагираше. Некои беа избезумени, во шок и грч и моравме да ги носиме до паркинг. Други, пак од паника газеа врз нас и други деца за да излезат. Кога го поднамаливме бројот, во тој момент веќе приметив дека пристигна брзата помош како и повеќе цивили и дека почнале да ги носат до болница, изјави сведокот.

По укажување дека и во билетарата има заглавени лица, пожарникарот кажа дека се пробил и во билетарата затекнал над десет лица кои веќе лежеле и не давале никави знаци.

-Излегов и побарав помош. Откако ги извлековме сите имаше друга врата, помала во која имаше многу деца заглавени. Кога излеговме веќе приметив дека се пристигнати сите мои колеги и пуштени сите линии и почнато со гасење, изјави сведокот.

Потоа влегол внатре, бидејќи им кажале дека има заглавени и кај тоалетот, и од таму почнал да извлекува заглавени лица.

– Потоа веќе бев изнемоштен и не можев повеќе да извлекувам лица и побарав замена и земав да гасам. На крајот од интервенцијата мислам дека беа извлечени уште две или три тела кои беа изгорени, изјави сведокот.

Пожарникарот рече дека не видел лично на часовник, но пожарот, од разговорот со колегите бил изгаснат во 4 часот.

Обвинителството, пред почетокот на денешното рочиште, се произнесе во однос на предлогот за обвинетиот Беким Хаџиу, предлагајќи му на Судот, доколку има доволно медицинска документација, бидејќи тие немаат, тогаш да направи замена на мерката со поблага.

На крајот на минатото рочиште, бранителката на обвинетиот службеник во Министерството за економија, Беким Хаџиу, адвокатката, Софија Лаличиќ, побара на нејзиниот клиент да му биде укината мерка притвор.

Според Лаличиќ, Хаџиу е единствениот од Министерството за економија во притвор и во повеќе наврати изминатите 10 месеци била нудена гаранција. Последен пат била понудена гаранција од еден милион и 260 илјади евра во недвижности, за кои наглсеи, ги дале семејството и пријателите на Хаџиу.

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот газдата на дискотеката Пулс Дејан Јованов Деко, реагираше пред Судот на тоа што се случи на минатото рочиште кога, како што рече, била направен директен притисок врз сведокот од страна на Обвинителството, што потоа предизвикало небулозни изјави, јавен линч и страв кај секој еден сведок што доаѓа да сведочи во иднина.

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

За денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани уште четворица сведоци
На почетокот на процесот, во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето е чекор кон утврдување на лична и институционална одговорност, нагласувајќи дека општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не спречил да се случи трагедијата во „Пулс“. Тој порача дека не е важно само кој го запалил огнот, туку и кој имал можност да го спречи, посочувајќи дека трагедијата не е резултат само на пиротехниката, туку на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и недостиг на контрола што ја претвориле дискотеката во „смртоносна стапица“.

Јанев нагласи дека се бара правда, не како одмазда, туку како последица на незаконитост и занемарена должност. Повеќемина обвинети, преку своите адвокати, ја оспорија основаноста на обвинението. Нивните одбрани тврдат дека обвинетите не презеле дејствија што би можеле да доведат до пожарот, дека поседувале валидна документација и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на индивидуална вина. Одбраната најави изведување докази и сведоци што, според нив, ќе ја потврдат оваа теза.

Во воведен збор, одбраната на првообвинетиот сопственик на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, истакна дека и по девет месеци притвор не може да поверува во трагедијата и дека како родител никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот. Неговиот син, третообвинетиот Михаил Јованов, преку одбраната тврди дека против него нема ниту еден доказ и дека е обвинет само затоа што е член на семејството Јованови.

Сите останати обвинети изјавија дека не чувствуваат вина за делото што им се става на товар.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азиските акции се подготвуваат да ја следат технолошката распродажба од САД: Преглед на пазарите
Следна Статија Пинтерест ги отпушти вработените поради создавање алатка за следење на отпуштања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Децата што се обиделе да силуваат соученик се првачиња, учителката не направила ништо кога тоа ѝ се пожалило

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од…

October 12, 2024
ХРОНИКА

Пожар во куќа во Студеничани – сопственикот бил во странство

Вчера во 03.40 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во с.Студеничани, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на…

February 21, 2025
ХРОНИКА

Директорот на Геријатрија не чувствува вина за примање мито, иако беа фатени со парите во раце

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што…

September 1, 2025
ХРОНИКА

Жена тешко повредена откако ја удрил автомобил во Центар

На 29.01.2025 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел корса“…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?