Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
ХРОНИКА

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола

Објавено March 22, 2025 10:23
Сподели
Сподели

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола и нема опасност по населени места ниту по околните викендици, објавија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според изјавата на градоначалникот Костадин Костадинов, пренесена преку ЦУК, несовесни граѓани со палење на стрништа го предизвикале големиот пожар.

-Нашите пожарникари од Струмица со поддршка од пожарникари од Радовиш, Валандово и Гевгелија, за што сум им крајно благодарен, успееја за многу брзо време да го неутрализираат, односно да го локализираме без притоа да имаме изгорени куќи или не дај Боже човечки жртви. Јас само уште еднаш апелирам на свест и совест кај граѓаните дека со огнот нема играчка и дека треба да бидеме одговорни граѓани за да не ни се случуваат такви катастрофи, изјави Костадинов.

Додаде дека горат само уште на две точки кои природно ќе изгаснат, а и пожарникари ќе останат да дежураат во текот на ноќта.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот избувнал околу 14 часот денеска во месноста Софилар, во непосредна близина на градот.

-Ветрот си го направи своето и пожарот бргу се прошири. Извршивме мобилизација на целата против пожарна единица во Струмица и побаравме помош од пожарникарите од Радовиш, Валандово и Гевгелија и им благодариме за нивната помош. Остануваме на терен бидејќи има уште еден крак на горење. Имаме една екипа кај село Баница, која го штити селото. Пожарот е целосно локализиран и за кратко време ќе го ликвидираме, изјави Гудев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани, 13 пациенти на домашно лекување
Следна Статија Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Од затвор телефонски измамил угостители во Гевгелија

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за…

December 25, 2024
ХРОНИКА

Маж од скопско физички ги нападнал 70-годишната мајка и 43-годишната сестра

На 02.01.2025 во 14.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.З.(39) од скопско село, по претходна…

January 3, 2025
ХРОНИКА

Пензионер со моторна пила пресекол бандера за струја во Македонска Каменица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Р.(71) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на…

June 6, 2025
ХРОНИКА

Македонка починала на плажата „Свети Стефан“ во Црна Гора

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако и се слоши во морето…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?