Пожарот во Трубарево е ставен под контрола, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Нема активно горење но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина – вели Ангелов.