Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите
ХРОНИКА

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Објавено July 13, 2026 18:29
Сподели
Сподели

Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес спречи поголема материјална штета откако денеска попладне избувна пожар кај паркингот во близина на Автобуската станица во Велес.

Дојавата во ТППЕ Велес била примена во 13:45 часот за запалено патничко моторно возило. По пристигнувањето на терен, пожарникарите утврдиле дека горела сува трева меѓу патот и паркингот, при што огнот зафатил и оштетил минимално шест паркирани возила.

На интервенцијата излегле едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Со брзото дејствување тие успеале да го локализираат пожарот и да спречат негово проширување кон останатите возила.

Од ТППЕ Велес повторно упатија апел до граѓаните да не палат оган на отворен простор, особено во услови на високи температури и сув вегетациски материјал.

Велешките пожарникари на својата фејсбук страна дополнително ги предупредија земјоделците од општините Велес, Чашка и Градско да не палат стрништа, а граѓаните да не палат сува трева, посочувајќи дека ваквите постапки во изминатиот период предизвикале повеќе пожари со последици по животната средина и објекти.

Последниот поголем пожар во велешкиот регион беше регистриран на 30 јуни, кога огнената стихија што започна над Велес, во близина на Штипската клучка и Градската комунална депонија, се прошири кон повеќе месности, меѓу кои „Трите Дола“, „Саботна Вода“ и „Сариер“, со приближување кон селото Мамутчево.

Во тој пожар беа опожарени повеќе хектари сува трева, лозја и ниска вегетација, а беа зафатени и викенд-куќи, соларни панели и други објекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 30 граѓани во Карпош казнети со по 40 евра за фрлање кабаст отпад во контејнери
Следна Статија Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пандов: Никој ништо не им смееше на групата од Диво насеље пред да дојдам, главни беа

Наркобосовите се ставени во глувчешка дупка, тие се тотално развластени, истакна Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции,…

February 4, 2025
ХРОНИКА

Лишен од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец

На 28.02.2026 во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа…

February 28, 2026
ХРОНИКА

Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен: Сакам да верувам во правда и дека конечно бандата на СЈО ќе се распадне

Бизнисменот и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Томислав Главчер потврди дека е подносител на кривичната пријавата против поранешните обвинители…

September 12, 2025
ХРОНИКА

Нови апсења во Кочани: Приведени се 13 началници и полицајци

Нови апсења денеска во Кочани, а поврзани со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 лица,…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?