Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Koј е кој во клановите Беланоцa/Барон и Дуќанџик/Грчец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Koј е кој во клановите Беланоцa/Барон и Дуќанџик/Грчец
ХРОНИКА

Koј е кој во клановите Беланоцa/Барон и Дуќанџик/Грчец

Објавено December 19, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Mинистерот Панче Тошковски тргна во разбивање на нарко клановите во Скопје кои сееја страв како меѓу бизнисмените така и кај обичниот човек. „Република“ ви ја објаснува шемата кој е кој во овие криминални групи.

Беланоца, Барон, Дуќанџик и Грчец се четири групи кои на почетокот фунцкионираа одделно, секој во својот „бизнис“. Главни сектори со кои се занимаваат овие кланови се нарачани убиства, дрога и оружје.

Групите доаѓаат од различни делови на Скопје и до пред изесно време немаше мешање во „секторот“ на спротивниот табор.

Но, заради концентрација на моќта кај овие групи доаѓа до коалиција. Па така групата Барон се здружи во Беланоца а, Грчец со Дуќанџик.

Беланоца/Барон „оперира“ во реонот на Сингелиќ, Студеничани, Бутел, Маџари и Арачиново. Грчец/Дуќанџик го држи реонот на Сарај, Кондово, Шишево и Ѓорче Петров.

Бедри Зекири, еден од водачите на нарко групата „Барон“ минатата година се најде на списокот на помилувани лица од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Барон претрпе сериозни загуби  откако кај скопско Блаце беше убиен Зелкиф Туша.Зелкиф пак е татко на Ганиф пак кој е осомничен дека во Грција го убил Орхан Бајрами-Оки. Тошковски најави дека по апсењата ќе биде многу појасно кои биле мотивите за убиството во Ханиоти.

Како одмазда, минатата година изгоре кафе барот „Барон“ во Чаир кое е собирно место на оваа криминална група.

И додека кланот Грчец/Дуќанџик по убиството на Оки и Јетон Кривањева- Жила во „Шиша бар“ е обезглаглавен, a Шеваљ е во Дубаи, спротивниот табор се до апсењата на МВР беше главен во Скопје. За убиство наплаѓале и до 250.000 евра.

Па така од Беланоца/Барон во Шутка се најдоа-Шенаси Мислани познат како Шенки Версаче, брат му Мирвет Мислани, како и Абдула Садики и Акиф Мемиши.

Неофицијален водач на Беланоца/Барон е  Фатљум Ајети – Тоте кој во затвор во Скопје.Тој наводно, од зад решетки ги нарачувал сите убиства.

Пред еден месец пак  за Гани Туша се отвори истрага во обвинителството како главен осомничен за ликвидацијата на Орхан Бајрами Оки на лани во јули на Ханиоти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цукерберг: Тажно е што Мета не може да го претстави напредокот во развојот на вештачката интелигенција во ЕУ
Следна Статија Милано: Од Нова година, пушењето е забрането и на отворено

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трпението не ни е јака страна: По кавга во сообраќај маж бил претепан,му го скршиле и ретровизорот

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Д.(43) од Скопје пријавил дека околу 16.10 часот на подрачјето на Центар, по…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

 Фирмата „Реал градба“, нејзиниот сопственик, 61-годишниот  Тасе Илиевски,  и 58-годишниот вработен   Марјан Ангелов, се виновни  за кривично дело „тешки дела…

July 25, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Камион излета од патот и се преврте во близи на селото Раец

Од засега непознати причини камион со скопски регистерски таблички излета од патот Кавадарци- Прилеп во близина на селото Раец. На…

March 11, 2025
ХРОНИКА

Македонец брутално убиен во Словенија – Георгиев бил удрен повеќе од десет пати во главата пред да почине

Телото на 38-годишниот Стојче Георгиев од селото Грдовци во Кочани беше пронајдено минатиот петок во центарот на Љубљана. Полициската управа…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?