Два автомобили и магацин на маркет гореа ноќеска до Зелен Пазар во Центарот на Скопје. Причините за пожарот не се познати, но како што пренесува порталот Press24. пожарот потекнал од паркирано возило, се префрлил на друго, па потоа и на магацински простор на ланец маркети.
Командирот на Скопската противпожарна бригада, Звонко Томески во изјава за Press24 рече дека добиле пријава за запален автомобил во 23:05 часот.
-Веднаш беа упатени две противпожарни возила од Центар Автокоманда кои со самото пристигнување увидоа дека пожарот е проширен на соседниот објект кадешто било паркирано возилото. Така што испратено е уште едно противпожарно возило. Интервенцијата сѐ уште трае. Завршуваме некаде 30 минути после полноќ. Само материјална штета, нема повредени лица, вели Томоски.